престан (м.)

Зошто станал челник на дружината, зошто не ѝ рекол на игуменијата дека пред сто или пред илјада години тој самиот, неговото срце или неговиот разум во некој друг, водел кон магли исто вакви тврдоглави човечишта и ги оставил коските под врлежи зашто без престан се судрувал со алчност и со безумност.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Централен став”: тука треба да се види врвна игра на интелигенцијата, разонода на надмоќен дух во потрага по единството на светот, по некаков Glasperlenspiel, според Herman Hesse, во кој големите мајстори на една необична уметност жонглираат со сите елементи на човечката култура како со многубројни разнобојни куглички, за без престан да се забавуваат со сложувањето на нивните бои во виножито. 18 Margina #3 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Растеше со променливо здравје: некогаш засилено удирајќи со главата во босиците од мајка му како јунче не можејќи да се насити од цицање, а некогаш не сакаше да цица и постојано плачеше без престан и дење и ноќе.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Останува, си велам, единствено да се дејствува во постојните услови, кој колку знае и умее. Без изговори и - без престан.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Понекои од нас толку многу ги имаат што без престан ги расфрлаат околу себе.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Затоа оваа поезија е неуморна: сето време, без престан, го надгледува претурањето од мислата во јазикот на своите говорители и чека „инцидент“ сѐ дури самата не стане тоа што го чека: инцидент меѓу мислата и јазикот чијашто разврска мора да биде во интерес на мислата, што значи јазикот треба да се шири и да се растегнува, постојано да се долева и полни не со водата на Едното, туку со водата што се исушила не сакајќи да се прелее во Другото.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Градеа без престан шест дена. На седмиот седнуваа да отпочинат.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
На сон му се јавил лично Темниот, Лукавиот и му рекол: „Вардете ја градбата без престан.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Деновиве без престан ги разшетувам низ умот нејзините скржави и ретки објаснувања.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Боже, боженце, што к'смет му падна на ибн Бајко, та везден да војува со ваква сорта и да ѝ биде мегдан без престан?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
И сега, камбаната закачена привремено на две тополи, без престан чукаше и ги прибираше верниците.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ако се работеше за чумата, таа црна гостинка што везден ја носеа од истокот и Стамбол, туку си шараше без престан низ Скопје, час во едно, час во друго маало, и додека не збувнеше наеднаш насекаде ја сметаа за зло што се совладува.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Во твојот манастир е запалена свеќа. Таа свети без престан. Пред иконите на твоите обожувани светци.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Да ја преболува без престан за да ја долови, одвреме-навреме во самракот на кажаното. Од другата страна.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
А пак јас, тежев како камен врз него, тешка од тешки мисли, тешка од ТЕШКОТО- ОРОТО, кое во мене без престан се играше, па како лута змија отровница, под срце да ми се беше завила, ми тежеа и рацете и нозете и снагата, иако не беше многу ухранета.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Црвениот плоштад и онака е црвен од цвеќиња Ренесансата е изговор за еретиците но се вклопува во куќниот ред на Инквизицијата во нашата допуштена и официјална дијабола нашата настраност и смисла за Анатема можеби сме мали и смртни можеби без престан се вртиме околу себеси и Сонцето а светот е некој непознат Infinito но барем имаме сопствен пекол и одбираме кого убиваме!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Затоа старите несреќи без престан се подмладуваат.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Понекогаш некој од брегот на лудилото престанува да гледа без престан во себе и во бездната, и како при некакво чудо се појавува на спротивниот брег.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Не одведоа и мојата мајка и сите мајки на сите деца останаа со празни скутови и прегратки и со секогаш вперен поглед на патот по кој не одведоа и постојано и без престан ќе мислат дека токму по тој пат ќе им се вратиме...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Чепкаат во тоа што го поминале по планињето, без престан ги бараат виновниците за изгубената рака, нога, големите лузни, за опустошените села и уништените куќи, за осакатените и загинатите, за изгазената верба и лажните ветувања, за удолницата што ни ја направија многу стрмна и по која сѐ уште не сопираме...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Повеќе