пресвртен (прид.)
Превртената земја мириса на некаков брлог од бозје и скапани лисја и миризбата те потсетува на одамна неотворен клед со скиселено комиње.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Цели седум години внимавам на тебе. Сега дојде пресвртниот момент. Ќе те спасам, ќе те направам совршен.“
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Капитулацијата на Италија претствувала пресвртен момент во промената на британското држење кон Македонија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Капитулацијата на Италија претставувала пресвртен момент во промената на британското движење спрема Македонија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Вечерата траеше долго. До полноќ. Беа драматични, пресвртни времиња.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Капитулацијата на Италија на 8 септември 1943 година била пресвртен момент во целокупната ситуација во однос на известувањето за настаните во Македонија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Татко, во тие пресудни мигови од својот живот и судбината на неговото семејство како да се најде пред рубиконот на својот албански идентитет, кога мигум требаше да го направи пресвртниот конечен чекор.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)