пресвисне (св.)
Тој поскоро ќе пресвисне горе крај орманите, барајќи визит-карта, отколку да допушти со картичка да одговори.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Таа сакаше да остане крај Крстана, макар да се мачи како роб, сосема да пресвисне, само да не ѝ дојде тој срам - дека мажот ја оставил затоа што остарела пред време.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Го свлечкаа внатре, пресвиснат и нем. Луѓето со стегнати срца ги бришеа очите. ***
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Ѕвездан лежи, пресвиснат на магарето и ништо нѐ гледа што правиме. Во некои други места е занесен.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Го префрливме, пресвиснат преку ’рбетот, наголо.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Слушам викање: оф, мајче, куршум ми помина под плешката. Ја испушта пушката, пресвиснува на една пењушка.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Татко ми ќе пресвисне од болка, а пак жена ми, мојата домаќинка, бидејќи нејќе да се турчи, ќе остане сама за нигде никаде, вели пашо.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)