прероден прид.

прероден (прид.)

Кој ќе ти душо, помогне, кој ќе ти младост поврати, ако не смеот народен, ако не живот прероден?
„Песни“ од Коле Неделковски (1941)
И тогаш чиниш беше прероден од тоа што беше успеал некако да поверува и сакаше и сите други да му поверуваат нему. И навистина луѓето веруваа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се плашев за секој иден ден, треска ме тресеше од таквото однесување на големото преродено момчиште; јас со сигурност можев да претпоставам дека тој ѓаволски се преправа спремајќи се за иднината.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Ќе заборавев да ја споменам вадиотров сауната што јас ја ескивирав а препородените ме искараа небаре одбив да влезам во харем.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Се виде прероден, воскреснат.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Умираш симболично повеќе пати живееш стократно повеќе имаш безброј животи безброј ликови и сето тоа е - природно и нормално и по сето тоа се будиш наспана преродена за да можеш да поднесеш уште неколку стресови сѐ до следното паѓање во сон.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Сурово природни затекнати во немајкаде онемени, од вџашеност побелени можеби од премногу живот и дарба можеби од премногу набожност, паганска или премногу смрт, нагла, неправедна само се наѕираат - маргина до маргина диск до диск за вчитување на изгубеното аз, буки, веди, глаголи, добро ест живете... алфа, бета, гама, делта... алеф, бет, гимал, далет... сличности на претек претци а, наоколу по којзнае кој пат преродена исчезнатата флора риган, рик, реа ни смртта не е вечна, ни смртта!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Некои стари плоштади мирисаат на новиот Балкан: родените се прават преродени, а слободните се прогласуваат за ослободени.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)