преполни св.
преполн прид.

преполни (св.)

Новините се преполнија со известија од театарот на востанието.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Жената седи чучната крај долгунест висок сандак преполнет со играчки од децата.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Истрча на балкон и виде: - долу, во длабочина, три ката под неа стоеше еден човек, а на рамо држеше плиток сандак преполнет со прекрасни, шарени темјанушки.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
- Дувај ги, викал татко, издувај ги, велел, да нема ни раска на јатките. - Да не сакаш и да ти ги џвакам, мајката, му рекол еднаш Јоше Свирачот, ама татко не го заушил убаво, оти устата му била преполнета со ореви што ги крцкал со забите и од тоа не му се дослушувало.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ама срцето човечко било бунар: само се полни, а не се преполнува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се враќаме дома, а нема каде да се измиеш, вода да си префрлиш. Јазот е замрзнат, коритото е преполнето со соспи снег, израмнето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ја преполни куќата со цвеќиња–изобилство полско цвеќе, темјанушки, нарциси во вазните, зумбули, фикуси, филадентрони; кактуси во саксиите, дури палма и лимун чии прв жолт малечок плод го држеше на дланката како да се плашеше дека ќе исчезне.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Возот се преполнува, како постојано да дотекува народ.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Толку ли е преполнето?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Го турка пред себе, ко преполнета кошница, и вика за помош: — Почекај, ќе го загубам детето!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
I Куќите од селото се раштркани која каде: едни крај езерото, други крај реката што слегува од планината и тече низ селото; реката е суводолица: лете коритото е празно, исушено, како оглодана риба; во пролет и есен водата надојдува, плави, луничи, бучи преполнувајќи го коритото и влечкајќи со себе сѐ што ќе најде по патот, се разлева, ги подлокува трапчињата, сокаците, ги урива мостињата и плитарите од плевни и кошари и ги влечка со себе растурајќи ги во езерото каде што се влива; луѓето трчаат по реката и си ги собираат во езерото однесените работи: греди, штици, каци, ношви, буриња, кошови, сандаци, и по некоја живинка што не се удавила; вртат со чамци, ги собираат или ги туркаат кон брегот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Пишувам уште една приказна, или писмо, за љубовта. За мене, набрекнато кубе на Даут-пашиниот амам го преполнува речиси целиот прозорец.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Имаше неколку ВЦ-а во Билиевиот оддел, лавабо и фрижидер кој секогаш беше преполнет со грејпфрут и оранж џус - луѓето на спид просто умираат за Це витамин.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Вагонот со дрвени седишта во кој патуваше беше преполнет од едно единствено огромно семејство, составено од една беззаба прабаба до едно едномесечно бебе, кое патуваше за да го помине попладнето со сватовите на село и, како што му објаснија слободно на Винстон, да набави малку путер под рака.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Половина литар не е доволно. Не те заситува. А еден литар е премногу. Ми ја преполнува бешиката. Да не зборуваме за цената“.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Католичката милосрдна сестра, Французинката Писи, која во Солун работела во француската болница и поради тоа контактирала со наши луѓе и ја познавала доста добро неиздржливата положба во која се наоѓало македонското население, во својот „Дневник“ се прашува: „До кога ќе оди така? Нема ли да се преполни чашата на горчината?
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Полиците на нашите бибилиотеки се преполнети со теоретски книги, списанија и фотокопирани статии, и под тие купишта теоретски материјал, ѕирка по некој роман или збирка раскази.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Под услов со тоа да не си ги преполнува ушите со вода.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Но збунетоста брзо исчезна и нејзиниот поглед повторно беше преполнет со благодарност.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Кога врчвата ќе се преполнеше, сама ќе се навалеше, па ќе се клапнеше, чукнувајќи по работ на каменот на малиот базен под неа, ќе се превртуваше удолу, за да се испразни од водата, според законот на физиката, па бидејќи беше празна повторно ќе се исправеше под чепот на бурето, за да се поднамести за повторното полење...и сѐ така во круг...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Повеќе