препечен (прид.)
Тогаш на Арсо му препиша да ја изедува храната што му се доделуваше секој ден - некоја сивкава посна чорба и пченкарен леб сличен на добро препечена цигла.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Ама замолкна и долго молчеше, сркајќи ја попарата со чај и препечен леб што баба ми му ја принесе.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
А следното утро, 69 на појадок ќе фрлам поглед кон подот и ќе го видам малиот црн куфер покрај неговите нозе додека го мачка путерот на препечениот леб, а Мама не станува од креветот.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Очите само им шетаа по садовите и беа заслепени од сонцето што се одбиваше од препечената глина.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)