преора св.

преора (св.)

Речиси цела визба ја преоравме. остануваше уште оној дел покриен со дрва.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Волкот го преора сиот тој тврд снег само за неколку мига.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ќе ја преорам земјата, ефенди, ќе го донесам со јаболко во уста.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Ама какви окопи, сега сѐ е преорано, раскорнато, затрупано.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ќе ја преораме сета руска земја, ќе ги поврземе со канали ледениот север и топлиот југ, ќе го поврземе морето со пустината, земјата со ѕвездите, порачуваше Сталин.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Не би можела да беше жива да замисли ниту мојата баба Хазбије, која сега почиваше во корчанските гробишта, имајќи среќа во смртта, нејзините посмртни останки да не ги преораат како оние на нејзиниот сопруг во повоениот Подградец, неговиот син Сами, не можела да замисли дека најпосле нејзиниот внук ја отворил нејзината голема затворена врата на животот (а kapi), станал амбасадор. Вратата која баба сакаше да ја отвори, вратата на границата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)