преоден (прид.)
Како преодни стадиуми кон полното одделување на македонските интереси од бугарските и српските, т.е. кон националниот сепаратизам, служат политичките револуционерни организации и политичкиот сепаратизам пропагиран од нив.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
На автономијата се гледа како на преоден степен кон соединување на Македонија со Бугарија.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Пак сме во преодно време. Исчезнаа Пикасо, Стравински... времето на превратнички личности мина. Затоа овие времиња сега се фасцинантни.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Веисхедел ја фали модерната уметност поради „изворната сила“ но смета дека е само „преодна“.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Општо земено, филозофската дијагноза покажува дека плуралитетот со право претставува суштинска одредба на Постмодерната и дека ние денес живееме во преодна фаза.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Ја водев гимназиската библиотека, а како секретар на четвртиот средношколски актив успеав да го добиеме преодното знаме на младината на селото од рацете на Ѓорги Кироваков.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Со црвени кордели на русите плетенки, со кусо ѕвонесто здолниште во сите бои на едно ромско клопче, таа уште и дрнкаше на гитара со голи коленца едно врз друго, па немаше друштво што можеше без неа и немаше веселба без таа да е прва, макар што во учењето не се истакнуваше толку и добиваше преодни оценки благодарение на својот умилен изглед.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Но сепак, сега засега донекаде задоволен, ги остави платната едни до други, збиени како камчиња мозаик и ги опфати со завршен поглед давајќи им преодна оцена.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Тој дојде на овој турнир со цврста намера да го реши за себе двоумењето, надевајќи се потајно дека сепак не е сѐ уште загубено, дека сѐ може да се поправи, и дека неговата слабост е само преодна слабост.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Можеби тие студено го примаат ударот, одмавнуваат со рака, се им е едно, но
ТОЈ не може да се помири, тој страда, зашто шахот не беше за него работа меѓу другите, преоден занес на младоста, ами позив на којшто свесно се управија сите негови не мали амбиции.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Прашањето на границите е тесно поврзано со прашањата на државата, етницитетот, транс националноста, граничните симболи, ритуалите (преодни обреди) и идентитетот.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Имено, наведените асоцијации можат да поднесат барање за преиспитување на репрезентативноста, по истекот на период од една година од денот на донесувањето на решението за утврдување на репрезентативност (чл. 36, ЗИДЗРО/окт.09); г) со четвртата измена на ЗРО (2005), од октомври 2009, покрај веќе опишаните новитети, во преодните и завршни одредби на ЗИДЗРО/окт.09, беа предвидени уште четири нови членови поврзани со оваа тема:
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Марксовата визија за царството на слободата преку митот за преодниот период беше ставена во служба на обезбедувањето поддршка за Лениновата диктатура „на пролетаријатот“.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Но, при школска примена на Орвеловата двомисла, истите тие луѓе на кои им е смешен комунистичкиот мит за преодниот период, го бранат и веруваат во „пазарно-економскиот“ мит на транзицијата.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Дали беше тоа моментална збунетост или еден вид преодна фаза во животот.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)