преноќи св.
преноќиште ср.

преноќи (св.)

На прво место тука е седиштето на царската управна власт — мудурлакот, на чие чело веќе дваесет и повеќе години седи стариот мудур Арсланбеј со десетина заптага и младото ќатипче и го претставува султанот пред рајата, ги гледа сите давии во името негово од сите деветнаесет мариовски села, тука е седиштето на мифеташот со пет шест души колџии што ги чуваат сите мариовски шуми; тука е седиштето на авџитабурот од двесте души аскер кој ги брка комитите и им помага на мудурот и мифетишот во тешките и одговорни државни работи; тука е седиштето на третокласното егзархиско училиште со архиерејскиот намесник на чело и четворица учители, во кое училиште учат децата на сите оние мариовци што сакаат да им прогледаат сшкдаи им и да станат попови или даскали; тука е изворот на попови од четирите поповски фамилии, и, најпосле, тука се: Влашкиот ан, анчето на Младена Чкулот, Петка Спасоев, Трајка Балето и Цулевото анче, во кои се враќаат и преноќуваат сите оние мариовци од другите села коишто за еден ден не можат да свршат работа во уќуматот доколку немаат блиски роднини и пријатели во селото.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ги фати мракот уште пред анот кај Вашарејца и тие беа принудени тука да преноќат.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
И тоа што не беше од камен – се скамени Та народот на крст ја преноќи ноќта Слушајќи како пеат светците темно како пред погуба: - Тој што ќе го прескочи Светото дрво Ќе управува само со ѕвездите И пусто ќе биде никој ако не го прескочи.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Оди во Крушевица твоа; малку е подалечку од аскерот, белки не ќе се забележи толку колку овде пред носот негов! — ја повторија и потретија селаните молбата, но Толе си остана на своето и нареди преку ноќта да му се зготват пет шест кокошки и толку мазници за неговите луѓе и остана да преноќува в село.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Преноќете тука, кршете го мојот леб И пијте го моето вино, рече жена, нешто кога ја прашавме.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
- Ако сакаш можеш да преноќиш вечерва кај мене - вели Даскалов.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Во криковите на тие ноќи кои се прелеваат едни во други и се нижат во години, има луѓе кои остануваат неми, кои копнеат по тишина, кои сакаат само едно малечко парче од овој свет во кој би можеле безбедно да ја свијат главата и да преноќат.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во неа секоја вечер се стуткува за да ја скрие главата и да преноќи. Каде патува тој?
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)