пренапнат (прид.)
Го расчешнуваше во многу недовикнати и извишени слогови, но сеедно го продолжуваше, без прекин, сѐ додека постоеше глас, што можеше да биде извикан, сѐ додека место глас грлото не почна да му точи пренапната бол.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Во тоа му помогнуваа и неговите преморени зеници, во кои, со некоја магија на белината и пренапнатоста, како на филмска лента, беа сочувани сите движења и сето оддалечување на оние двајца.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Потоа некој друг продолжил несвесно да се движи во пренапнатиот Онисифор Проказник, се исправил во него со извлечен јатаган од крваво месо и пошол со искривено лице да сече и да реве со зборови на одамна умрените први доселеници или староседелци на тоа парче земја.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Јадевме со сласт која надополнуваше нешто непрашано или некажано, така барем ми се чинеше, но таа претпоставка за мене стануваше сѐ понебитна пред комичната слика во која доминираа задебелените црвени мрсни усни на Крумета развлечени под мустаците како пренапната пластика низ која, постепено, неговиот длабок, затемнет глас се раздробуваше во рапав, метален кикот кој повремено се слеваше во три обични збора: „и така натаму”.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)