премавне (св.)
ЛУКОВ: (Правејќи обид да го смири Младичот, да го покори.) Централниот комитет реши да премавне еден многу опасен предавник и изрод на нашиот народ.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Беше нешто, што можеше да се премавнува, и тој успеваше да ја бори и додека си го наместуваше леглото, и додека го палеше огнот, а и после, кога го хранеше своето срнче.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Ќе се скроти и премавне сѐ она во него...
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Беше тоа еротика која одамна ја бев премавнал.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
На собранието беше потпишана молба, и тоа со одушевување и од сите присутни, па возбудата се пренесе низ цел град и радоста беше бескрајна поради еднодушноста и премавнувањето на разногласијата, зашто не само Власите туку и сите други кои се спротивставуваа спремно се потпишаа.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Убавината на бегството пред студот е токму во повторното враќање, кога студот, немоќта се премавнуваат во топлина, победа.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Темните лушпички светкаат. Имаат прекрасни форми; и копчињата на сложените очи покажуваат геометриска прецизност која го премавнува мојот поранешен ужас.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Да ги премавнува сите пречки на нашата пропаганда и да пропагира на дело - ете ја задачата на теророт што ќе го сееме.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Во постари времиња и градската населба, како и засебно поставеното еврејско гето, се наоѓала зад ѕидините на венетската тврдина распослана на ридот, но со тек на времето, градот, како и секој жив организам, едностано ги премавнал високите камени огради и се источил кон морскиот брег. Во главата му се појавува сликата на рабинот Елеазар Корео.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)