прелом (м.)
Го следеше како се развива тоа, беше еден стар начин и можеше да се следи во сите негови преломи.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Фрактура на дваесет и седум коски. Три пукнати. Прелом на ребрата.
„Буре барут“
од Дејан Дуковски
(1994)
Немав чувство дека учествувам во голем прелом.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Кај Кејџ отсекогаш постоела нагласена одбивност кон сето душевно наметливо, кон сите субјективни преломи на стварноста што ја извртуваат нејзината изворност и ја ставаат во функција на нарцизмот и приватната патологија на оној кој го произведува делото и на оној кој го прима.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
XLIV Утредента, дежурав во печатницата, при преломот на весникот во кој работев како новинар.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)