прелева (несв.)
Но кога погледнаа подобро, ги наблегна бескрајна тага: во бистрите изворски води се прелеваше скапоцениот прстен на пашата!
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Бројката сосем го обзема, му поигрува во главата, му прелева врелина и пот, па тогаш со сигурност и со нетрпение почнува да пресметува: најважно и најпрво ќе направи куќа.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Правта твоја одамна во нас веќе расцутува и во нашите раце се прелева виното на твоите очи.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Можеби восхитот наш ги исплаши тие сини бои во прелевање што бегајќи од кафезот на восхитот залутаа еве ненадејно во примката на зборовите да говорат за убавината на летот и за осамата на мирувањето.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Се прелевав во нешто непојмливо силно, предавајќи се на протокот.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Леплива, густа вода ја исполнува сосема мојата внатрешност, и се прелева, се пробива низ порите.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Сонот се прелева во чиста супстанца.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Ама мразот само се топи, ме плави и ме прелева.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Поседаа на чардакот гледајќи во блескавото езеро што се прелеваше на месечината.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Ги запреа коњите разгледувајќи го одблизу манастирот, восхитени од неговата убавина, кој извишен на карпата над езерото и опкружен со зеленило, се чинеше како да лебди над водата во дланки господови; езерото под него поигрува, одблеснува на сонцето и полека ја заплуснува карпата; лево од манастирот под падината на планината, клокотат огромни извори и исфрлаат изобилство вода која плавно, широко се разлева правејќи езерце што го обградува пошуменото островце пред да го пресече патот под мостот и да влезе во езерото со бучеж; на дното од мирната вода во езерото се прелеваат разнобојни алги фаќајќи ја светлината од сонцето што низ бистрата вода продира до нив; на островцето столетните дрвја ги раскририле гранките спуштени до самата вода во која фрлаат зелени отсјаји; по водата пливаат патки и лебеди, кои вознемирени од тропотот на коњите, се оддалечуваат повнатре во езерото оставајќи долги, меки бразди зад себе; на ледината крај изворите пладнуваат купчиња овци како бели, отворени цветови.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Сепак, може да се насети замаената, влажникава магла од течни јадења што се прелева низ улицата како благ рев на припитомено куче. ***
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Писмата* Келн-Скопје од 89 г., што се пред вас (драги („)маргиналци(“) и творјани), се наоѓаат тука од три причини: првата и апсолутно доминантна е онаа естетската; станува збор за една комплексна, измамнички автореференцијална и во крајна линија лирска во своите пајажинести структури, приказна, всушност Дијалог (воспоставување Разлики што искри Креација!) меѓу два прилично различни духа чиј што фантазмогориски набој се судира на тоа чудно поле на епистоларната проза; втората причина е обидот едновремено да се воспостави како разликата меѓу тоа “fin de siécle време” (кога медиски суптилно дозираниот но континуирано експандирачкиот фашизам на Милошевиќ и неговата клика од глупаци, слуги и разбојници, почнуваше да се прелева преку чашата и полека да ги разјадува и онака тенките шевови на „вештачката творба“) и ова време (на нов почеток, како во нов век, на некој начин, без доволно артикулирани репери и со многу неизвесност), така и сличноста, што можеби најмногу се согледува во таа потенцирана артифициелност, маниризам можеби, ескапизам дури, што, на некој начин, самата уметност и е, гледана од тој беден политикантски агол; третата причина (зошто токму овие „декадентни“ писма, кога и Вулкански и Станковски имаат дела многу „позаводливи“, „попримерени“ на овој сегашниов - „нововековен“ - контекст) се надоврзува на втората: кои сме и што сме со тој багаж што го имаме во главата?
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Тихост го прелева ридот. Од мракот Ајги: Од зборот би се одвоил ти Како и од видот. (Парафраза на стих од Генадиј Ајги утро Почнува Убавиот Ден.
„Вечната бесконечната“
од Михаил Ренџов
(1996)
Тој отсекогаш беше слабичок, но наскоро стомакот почна да му се прелева преку панталоните.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Борхесовото дело е чудесна творба, јазик чиишто бои се прелеваат, облик кој самиот се содржи, соголен приказ на историска стварност.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Тој во својата задлабочена филозофска мисла го разбираше трагизмот на својот народ кој стануваше заробен во самиот себе, немоќен да се ослободи од другите, да се прелева во големи делови во нив.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Не мислам на нашата раздалеченост од личната несреќа што му се прелева секому на претек а нејзиното прелевање никој нема сили да го предвиди и да го спречи.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Во свеста, не престанав да пластам семожни аргументи за прелевањата на религиите, од една во друга, започнав да верувам во преобраќањата како мостови на вистините, а не како граници помеѓу нив...
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Епилог Полната месечина малее; Надојдената вода прелева. (Кинеска поговорка) Денес, во седум часот изутрината, како и секој ден, авторот седна да ги допишува редовите што следуваат па, конечно, да ѝ го види крајот на својата прикаска.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Пелагија топлото време го чувствуваше само како внатрешен трепет, нешто благо и болно што се прелева од срцето нанадвор на сите страни, нешто што ти го прави животот поднослив и среќен а ти самиот да не знаеш зошто е тоа така!
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)