прекрсти (св.)
Излегол од зад шипјето и тргнал кај луѓето да оди со прекрстени раце и со солзи на очите, се приближувал кај нив.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Подадените раце ќе се прекрстат околу Прилеп-Битола.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Византијците сите свои противници, т.е. и Србите и нас, ги викаа Срби. Малку по малку тие нѐ прекрстија од Бугари на Срби.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Но сојузните со Бугарите словенски полчишта во очите на непријателите, т.е. на Византијците, беа пак бугарски. Значи, Византијците фатија да ги прекрстуваат Словените уште од времето на Аспаруховата орда.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
МАРА: Прекрсти се, синко, и излегувај. (Го зема паничето со пченица).
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
И твојата земја убава со друго име пред тебе да ја крсти, прекрстуе, коските свети народни паднати за слободата, од гробот да ги скорива, по сокак да ги разфрла, и со нив да се подбива, а ти да гледаш со очи да гледаш и да црвееш и нити збор да не можеш да кажеш, да му одвратиш.
„Робии“
од Венко Марковски
(1942)
Ќе удри потоп, рече Влаинката; се прекрсти а гледаше со страв во белузлавото облаче над улицата.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
- Прекрсти се на сите четири страни, заинтересирано го учеше Баждар од автомобилот и ја цицаше влажната цигара.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Опааа! — Пречекори Доста и се прекрсти, та влез во Сукаловата куќа да се стори вечер домаќинка на еден од браќата Сукалови.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Пред првото чкрипнување Доста се прекрсти со една длабока воздивка и рече: „Ајде боже, поможи.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Доста го кладе над глава бардакот со вода, го праша Илка откаде изгрева сонцето, се прекрсти и легна на постелата крај стопанот.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Добра беше таа. Од последниот грст брашно му меси леб, го прекрсти и го натопи со солзи, потоа му го предаде со благослов.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Уште само по некоја женичка ќе му донесеше запалена свеќа и ќе се прекрстеше со сува рака пред неговиот навреден лик.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Ако неговото благословено раче засее - и камењарот клас ќе исфрли, ако кон штркот, заштитникот куќен, се прекрсти - еве му внуче.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Макар што немаше луѓе, ни поп, ни брави за курбани, ни брашно за погачи, ни вино ни ракија како и порано во среќно време, старците и бабите што се прибраа од збеговите пак дојдоа в црква да запалат по некоја свеќа или пак да се прекрстат пред иконата на свети Илија да ги има во раката нивните мили и драги што беа затворени во тврдината на Пешта.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Врзаните сакаа да се прекрстат, но бидејќи рацете им беа врзани одзади, само гласно сите рекоа: Ајде боже поможи.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Трајко седна на чело на трпезата, го прифати пагурчето од Велика, ја симна капата, се прекрсти и им се заблагодари на другарите и на господа што му го спасија грабнатото чедо.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Во една есен студениот ветар со сврдел го длабеше нејакиот плитар на нашата куќа. Трипати се прекрстив.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Ги виде една старичка од својот прозорец и се прекрсти - безработниците одеа да крадат бостан!
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Крстан се прекрсти и пристапи со десната нога внатре.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)