презреан (прид.)
Вљубен во праведноста на законите и побожни како и повеќето од улицата живееја повлечени од луѓето надополнувајќи ги пропуштените години со задоцнета и презреана љубов.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Ме фатија многу подоцна, во оние облачни дни што мирисаат на презреани праски, на плод од еден редок јапонски нектарин.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Се чинеше како да нема никаква тежина, со која беше стапнат во таа долина: се чинеше како да ќе одлета само ако дунете малку посилно во него, како она топче од презреаното семе на глуварчето, што се раштркува на сите страни и при најмалечкиот здив на ветерот.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Палјачото ѝ беше толку смешен на сенката што таа се засмеа, се заниша на гранката и тресна на земја како презреана дуња.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
...раката подигната во мигот да го заштити лицето од ненадејниот блесок и додека сечивото на светлината се забива во неа низ сенката низ слабоста на погледот препознавам како утрото истечува од случајно превртената шоља за чај лизгајќи се по жолтеникавата мирисна патека долж која треперат ларвите на прекршениот бескрај... ...тогаш низ напукнатите ѕидови на воздухот што раката ги распорува на повратокот кон долу твоите заробени очи на презреана девојка безгласни а сепак меланхоничниот звук на флејтата очите твои нејаки оази на осамените ноќи сред сјајниот цут на светлото потиснат шепот на бледите траги по врелите јужни патишта...
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
Сега, гледаше кал, и некои грозни отпадоци, како овие презреани, изгниени круши со прилепени муви.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
2. Ако ова дрво овде е багрем, тогаш куќичката за птици е закачена за моето десно рамо, поилото за пчели се држи за сламка а ти си со Девојчето од другата средина, не ти се допаѓа преводот и ги фрлаш презреаните сливи кон косовата прегласнот.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
И тогаш куклите, од вртелешките, автомобилите, формулите – еден, два, три, моторвелосипедистите со очи од прскалки, жонглери, палјачовци – се изграмадисаа на санките Дедомразовски, како купчиња муви на презреани крушки, некои паѓаат, некои слетуваат...
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Киоскот со цигари и весници е отворен, лебот е дојден од градот, а на пазарчето се продаваат домати како јаболчиња, распукани смокви, презреани краставици и модри патлиџани како дебели краставици, динчиња колку тупаници и калинки колку динчиња, прави пиперки како скротени риби и по некоја шарена лубеница долга како тиква за печење.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Задоцнет собирач на презреани плодови.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Еднаш, божем посегајќи по Орбит мастики, украдов кондом од трафиката, го навлеков на показалецот, и потоа прстот го бутав во презреано јапонско јаболко, замислувајќи какво е чувството да влезеш во нешто толку мирисно, слузаво и меко како што велат дека е во жена.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Откако завладеал мир во тој дел од болницата прославениот командантот им рекол на лудите дека тој за себеси од поодамна знае оти е презреано јаболко.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Британика, спакувана во три тешки пакети, му ја испорачаа во станот токму кога го заврши ручекот и се чувствуваше „презреан“ за да оди да си легне.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)