предрасуда (ж.)
Ќе се надеваме оти турската влада и турската интелигенција ќе се уверат во сета штета што ја причинува таквата предрасуда и ќе се потрудат да ја искоренат и со тоа ќе ги поправат односите меѓу христијаните и муслиманите.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Тој во времето на поминатите негови години во Србија се наоѓал под влијание на цел ред околности што отсуствуваат во Бугарија и затоа неговите погледи се разликуваат од погледите на оние што се образуваа само во Бугарија и се слободни од цел ред преземени мисли и предрасуди.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
За сожалување, муслиманите и до последно време не можеа да се ослободат од својата стара предрасуда да гледаат на христијаните како на подолна раса од нив.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Имам теза. Мојата теза е, вампир не е предрасуда.
„Последниот балкански вампир“
од Дејан Дуковски
(1989)
Со долготрајна осаменост, се разжестувам, тој го ослободува духот од предрасудите на провинцијалноста и лицемерието.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
А можеби и оттогаш почнуваат европските предрасуди за Балканот.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Макар што не престануваат предрасудите за Балканскиот полуостров, од овде се извишуваат значајни книжевни гласови кои на посебен начин го потврдуваат нивното европејство.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
А мојот татко не беше ерудит, ниту мудрец, како на Луан, но тој беше отворен и без предрасуди кон другите, секогаш готов на пријателство со туѓинци и си имаше своја мудрост кон животот...
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
За нив, со поимот култура веќе не треба да се потиснуваат предрасудите и незнаењето туку, во нејзината несведлива особеност, треба да се изрази единствената душа на народот чии што чувари се тие.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Расправајќи за науката тој забележува, „Општо прифатените претпоставки се... сосема зачудувачки и несфатливи предрасуди.”
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
1. Маргина нема никакви предрасуди кон политиката; таа е вештина, и оттаму заслужува респект;
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
За нивните традиционални гледишта кои што сѐ уште се прифаќаат поради навиката и предрасудите се смета дека го оневозможуваат прогресот на човештвото кон подобро знаење. 76 Margina #11-12 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Рационалните луѓе ќе раскинат со нивните предрасуди, ќе станат слободни, и ќе ги откријат најдобрите средства што ќе им овозможат среќа.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Ако размислувам без предрасуди, не знам, Мирза, дали не е подобро во државата да има повеќе вери.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Kay Itoi ТОКИСКИОТ МУЗЕЈ НА СОВРЕМЕНА УМЕТНОСТ -Поп и предрасуди- Ниеден музеј во Јапонија никогаш не бил изложен на таква бура од прекори, како онаа што го погоди Токискиот Музеј на современа уметност.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Вистината и сета онаа долгорочна разложност што треба да ги преиспита нејзините претпоставки, а што впрочем е востановување на една цивилизирана состојба на народен живот во демократија - се отфрлени поради предрасудите на заедницата којашто не сака да живее цивилизирано, туку судбински како притаен страв за себе и опасност за другите.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Нашата партија конечно триумфираше на патот на ослободувањето на нашиот човек од оковите на верата, вековните предрасуди...
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Народот се држи кон својот паничен страв од светот и светските процеси, и дури по цена на потполно осиромашување и анимализирање тој е среќен само кога на власт ќе има некого што ќе ја поддржува неговата национална предрасуда и ќе го држи потаму од секоја одговорност за сопствената судбина.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Нашите историчари ја пишуваа историјата или по налог на моментната политичка задача или како историја на сопствените предрасуди.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Старецот како да заборави на својата предрасуда против испивањето еден литар пиво.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)