предоцна (прил.)
- Елена, Елена, да ти кажам! - извика Бојан трчајќи по неа, да ја пронајде во темнината, да ѝ го открие своето срце, да ѝ каже каков необичен подарок има за неа, но за такво нешто веќе беше предоцна.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Но и не знам дали треба да се кајам или да се радувам што предоцна забележав дека онему чевлите му се одврзани.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
А потоа сфатив дека е предоцна и - се откажав.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Мајка ми ме пресече со исплашен поглед, но беше предоцна.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Во „39 скалила“ јунакот запаѓа сред политички собир и импровизира соодветен говор; во „Саботер“, на добротворната приредба, тој сака на граѓанството да му ја разјасни опасната ситуација и така предоцна (сите гледаат надвор) дознава дека му е вперен револвер, и разгласува дека драгоцениот ѓердан е понуден на јавна продажба за добротворни цели; во „Север-Северозапад“ јунакот се наоѓа на аукција во затворен простор, во којшто сите излези се надгледуваат од шпиони - така решава да земе учество во аукцијата, на што организаторите повикуваат полиција што него мирно го одведува.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Во Фростовата поема грижата на жената за стариот работник доаѓа предоцна.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Предоцна е за идеалниот град што би се простирал меѓу нив.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Но тогаш веќе беше предоцна. Тој ќе ја изгуби ногата.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Кога во шеесеттите родителите започнаа згрозено да констатираат дека нивните деца имаат сосема поинакви погледи на суштинските културни и политички прашања, беше предоцна.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Станав предоцна и задоцнив на училиште; влегов во класот без да чукнам на вратата; беше понеделник и имавме класен час кај Фискултурецот.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
16. А ние дојдовме предоцна во Константинопол, оти времето нѐ беше претекнало.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
И затоа ќе одам во Рим, Богу да се исповедам оти и јас гледав со очите на нечестивиот и согрешив; оти сум видел нешто што привид е, а привидот е дело на нечестивиот; одам да ја уцврстам вербата своја во Бога, ако веќе не е предоцна“.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Се вознемирував секогаш кога ќе откриев дека сум станал предоцна, сум изгубил, значи, некое време, во кое сум можел нешто да сторам.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Девојката со плетенки се смее но јас и капетан Скот стигаме предоцна.
„Три напред три назад“
од Јовица Ивановски
(2004)
Но беше доцна, предоцна, во далечината се будеше муграта. Новиот ден за семејството...
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Јас е јазик
јаз'к да ми е ако не кажам
што гледам што слушам
ако не кажам што правам
што направиле од мене
што насетувам што насетиле
и без мене и по мене
за да има сеќавање јазикот
ако не кажам
кој се огрешил
во име на народот, во име на Бога
со предумисла со завист
од зловолја во злодоба
кој понижувал, истребувал, казнувал
жива сода прскал со жив збор
во очите на бедните и блудните
крстените и недоречените
слобода кој презирал не давал одземал
кој се повлекувал предоцна и без крепост
кој се тешел, кој се правдал
ако зло правел
- зло не кажал
јавно!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Една секунда подоцна е засекогаш предоцна.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Но предоцна да спаси некого или нешто, макар што на Балканот продолжуваше големата неизвесност, во Југославија посебно. И во илјадниците телеграми кои ги пишував од мојата речиси десетгодишна дипломатска мисија јас не престанав да трагам по наследената таткова тишина, во која се кријат кодовите на неговите незавршени потраги по балканската вистина, барана низ урнатините на империите, од чии падови се извишуваше надежта на преживувањето.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Нашиот татко ни се приближуваше единствено кога ни ги раскажуваше животите на Ное, Јаков и Мојсеј преточени во детски приказни и налик на бајка, а и понатаму ни остануваше далечен, постојано свесен, како што се свесни некои од луѓето кои направиле нешто многу подоцна од мигот кога требало тоа нешто да го сторат, за разликата помеѓу едно и друго време; нѐ гледаше нас, своите деца, кои бевме помали од децата на неговите деца од првиот брак, и можеби таа негова свесност беше најголемиот јаз меѓу нас и него, јаз кој нѐ тераше да го викаме „татко“ а не „тато“, „татко“ кое звучеше како – „господине“; не годините, не верата која тој ја имаше а која нам не ни ја даде, туку свесноста дека нешто направил предоцна и тоа предоцна е преголем јаз, беше она што му даваше форма на згрченост на секој негов гест, секој негов збор го правеше да звучи како предупредување, секоја негова топлина ја смрзнуваше уште пред да се упати кон нас.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
И ако ги видиш прерано, или предоцна, како да си убил нешто во себе, нешто што дотогаш во тебе живеело, или нешто што допрва во тебе требало да се роди.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)