предок м.

предок (м.)

Ланските се повторија годинава, годинашниве ќе се повторат в година, на земјата ништо не се менуваше, освен старите што умираа, младите старееја, нови се раѓаа да поминат по истиот пат по којшто поминале нивните предци.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Но, не беше тоа страв од проклетството на претците: со последниот свој здив пашата веруваше дека алах нема да казни никого, кој згрешил поради љубов!
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тој бил наш далечен предок, некој си мој пра-пра дедо.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Си имаше оваа валта и убаво име, Заветна, измислено некогаш одамна, од некои далечни Бојанови предци.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Но откако зафати војната, на луѓето умот сѐ повеќе им се сврти кон гробиштата; започнаа да ги оградуваат, да ги чистат гробовите од трње, пиреј, капини, глог, змиорики, повит; зафатија да се натпреваруваат луѓето кој подобро и полично ќе го уреди гробот на својот предок, на своите блиски и роднини; започнаа надгробни споменици од најличен камен и мермер да се прават.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Потоа ќе ја здиплеше изветвената карта на која одвај се распознаваше слободата И на која уште светкаше огнот на вкрстените мечови Врз белата пепел на предците.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Бездруго вака го протолкувал сонот и Јовановиот одамнешен предок, оној прв што го сонувал и по што го запишал во тефтерот и потоа отишол да стане пустиник.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Според тоа, гревот за уништувањето на Градиште, ако постоело, може да падне и на душите на одамнешните претци на денешниве жители на Потковицата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
За него старите велеа дека било остаток од некогашната црквичка, божем чадот бил направен од свеќите што ги палеле во црквичката предците на денешниве жители на Потковицата, а боите остатоци од фреските насликани во неа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Сите чекаат остарениот, многу стар играч да замине во светот на претците.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
„Се качив на врвот од планината, го сочекав самракот, потоа срамежливата, добра светлина на првата ѕвезда, па втората, третата, другите ѕвезди на темната дланка на небото ги палеа своите оганчиња, и јас знаев дека сите самовили, сите џуџиња, сите духови на претците се таму, на нив, на блиските ѕвезди, дури и фараоните, и светците, ја разбираат мојата желба, ми ја подаваат раката“.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Шепотеше молитва што само тој ја знае; поточно: ја измислил со зборовите на некој предок, Јаков Иконописец или Круме Арсов, или некој што живеел далеку од нив колку и тие од него: ...нас сите со млеко од иста измитарена биволица нѐ доеле, господи наш севишен, и од еден склопец нѐ демнела сиромаштијата лутица, семето да ѝ се сотре и од правот нејзин да жугне берокуќничка добрина, и исти пијавици ни се плетеле место учкур околу папокот, орли врз темето лузни ни пишувале и штркови балабани низ грчмак срцето ни го ваделе и го пресадувале на новороденчиња, пред иста земја челото на камен сме го допирале, сме биле, не било не, не ќе сме, вечнаја памјат ни ...
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
— О, вели, и моите предци се од таму.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Можеби вакви ретки чудникави предмети го придружувале нашиот малку подалечен предок, патрицијот, додека со поглед впиен во морскиот бескрај одново и одново се враќал од своите патувања кон ветената земја.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Пишуваше драма – еден дел од животот на Сандино – во која американскиот стипендист пука во Американците со пушка на прадедо му, прочуениот ловец на бизони, мајката го губи едното дете, близначе, а другото, престорено во бувче, ноќе ги колве очите на окупаторските војници, убавицата води љубов не само со целото село, туку и со сеништата, вампири, духови на претците – сѐ тоа набиено на шеесетина страници.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Веќе е строен, црнокос момчак со вдлабнати, темни очи во кој снегот се топи, со лик и срце од претците, поглаварскиот народ што господареше со моќни градови од камен и иловица, во чиј центар се издигаа гигантски скалести пирамиди - храмови (одолу обете раце на малите свештенички, складни како фигуринки од фајанс, змиите се обвиткуваа со мирна предаденост).
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Козлето се искачи високо на сртот, влечено од инстинктот на дивите предци, па куќичето на Сеген и се виде мало, премало, па точка.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Козите по многу особини ги изневериле своите диви предци и им се доближиле на луѓето... – Така е! – извика задоволно Чанга. – Но јас мислев на нешто друго!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Доста научиле од претходните европски империи, но не ги запоставиле искуствата од своите азиско-персиски предци.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
„Нивните предци развиле самосвојни култури, колоритни јазици, хармонични погледи за односите помеѓу човекот и човекот и човекот и природата чии остатоци се жива критика на тенденциите за одвојување, анализа, само-центричност инхерентна на западната мисла”.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Повеќе