предлага несв.
предлагач м.

предлага (несв.)

Тој предлага: - Да напишам - колеро царска, чумо? - Така е.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Потоа почна да му предлага на султанот такви војнички планови, што ни самиот султан не можеше поарно да ги предвиди.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
И не само тоа. Веле се осмелуваше понекогаш да му предлага на Аргира и нови начини во работата за побрзо и поубаво ѕидање.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Да ја запалиме печката со ќибрит, - предлага Митко.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
- Да ставиме и двајцата по две дрва, - предлага Сашо.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Ете, јас му предлагам нови, побрзи и поубави начини за работа, а тој, стар вопер, сѐ по неговото си тера и само едно мисли, да ја забави куќата, да го излаже сопственикот...“
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Се сеќаваш ли што ми одговори кога ти пристапив? „Ви предлагам едно - молчење“ - ти реков...
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Туку, наместо да расправаме такви глупости, јас имам поумен предлог: предлагам да си останам на моево стражарско место, а ти да си отидеш кај Госпоѓа Христова.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
- Предлагам да почиваме... Тоа беше оној кусиот одзади. Застануваа, само внимателно.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Нацртај му и коска! – предлага Лидија. – Нека се лаже Фигаро. Зоки нацртува и коска.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Предлага да вечераат, што побргу да го кладе жешкото Толево лице на своите образи и да му та понамести коските.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во некое списание, наменето за ловџии, или во весник било, пишувало дека порано, пред што младинските работни бригади ги исушиле мртвиците и блатата, во Пелагонија, во Ларинско, Битолско и Прилепско Поле, а тоа значи и во Потковицата, живееле над 400 видови птици, но дека сега биле сосема изретчени па се предлагало, или сами властите предложиле, да се направи некако да се обноват мртвиците и блатата за да се вратат птиците.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Се собираа луѓето и секој по нешто предлагаше, но не помагаше: рикаше, завиваше како борија.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Точно е, ќе вели Паун Радевски, предлагам да се облекуваме само во свила и кадифе.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Си велам така и ја прифаќам прошетката во пресрет на една црвена светлина што ми ја предлага некој човек.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Се вртам кон другата, но таму ми се предлага уште поголема примамливост.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Предлагам да одиме до новата стоковна куќа. Да се возиме на ескалатори“ рече Влатко.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Време на загубено детство, на сакани лица кои повеќе ги нема, на средби и раскази, ете го јадрото на целото романескно творештво, каде што Луан Старова, навраќајќи одново на знаците на семејниот егзил дури и во неговите најзванични функции, ги посматра знаците на историското насилство и предлага модели (можеби утописки) за соживот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Притоа би се обидел да покажам дека аргументациските постапки строго се одржуваат, се разбира во друг контекст, со други правила што јас ги произведувам, што ги предлагам, што не можат лесно да се дешифрираат, но кои постојат. okno.mk | Margina #1 [1994] 63
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Држењето на телото, ритамот на дишењето, правецот на погледот, изразот на лицето и тонот на гласот на секој од учесниците означуваат или отвореност и дозвола да се напредува побрзо, или пак вознемиреност и барање разговорот да се успори или привремено да се прекине. Andersen (1991) предлага ритамот на разговорот да не биде побрз од оној на најколебливиот учесник.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Повеќе