предигра (ж.)
- Предиграта ја видовме: со војните... За играта дознавме кога се играше во Версај... Сега ни останува уште да ја видиме доиграта...
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
- Смири се мила. – Молеше Дедо Мраз со скриено бунило – Можеби е часот на искушението што доаѓа како предигра пред крајот на секоја битка на љубовта.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Флерт- игралиште каде неретко љубовната предигра е всушност и крај на играта.
„Три напред три назад“
од Јовица Ивановски
(2004)
Виртуозната предигра го распалува цвеќето и мирисот се шири насекаде.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Сите тие допири беа само предвесници, предигра на долгиот бакнеж што следеше.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Во предигра од обмислена бајка, Сакам да навлезам во сплет од твојата креативност...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Нели ги прочита, сите тајни на мојата предигра?
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Во предигра од страсти, ќе издигнам планина, во пазувите гнездо од сон во сонот, сон на страсти...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)