предвремен прид.

предвремен (прид.)

Не бев јас сам што гледав на предвременоста на востанието.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во турскиот плипот не се гледа лесно пагањето често на аскери мртви, на младите луѓе враг напаѓа бесно што тука ќе паднат предвремени жртви.
„Локвата и Вињари“ од Лазар Поп Трајков (1903)
Предвремена пензија. Без заслуги и посебни додатоци.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Предвремена пензија. Без заслуги и посебни додатоци. Повреда на работно место.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Сликата е направена рано наутро; сонцето тукушто е изгреано; расцутените костени фрлаат сенка на патот кон полето; мајка му во едната рака држи срп, а во другата го држи Богдана за рака; таа е облечена во вет забан, ветва кошула и опинци на нозете; забрадена е со марама; лицето ѝ е предвремено овенато, ожебавено, со модри траги што времето и животот ги оставиле; очите без сјај, без радост; устата збигорена, без насмевка.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Тој, во животот, имаше поголема доверба во тишината, во премолчувањето, отколку во предвремените и изнасилени зборови.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Мајка предлагаше предвремен расплет, небаре излегуваше од моделот на соцреалистичката драма.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во нејзиниот поглед не можеше да се открие ни радост ни тага поради предвременото враќање.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Мора да се подготви стратегија за да се спречи понатамошната ескалација на насилството, која ќе вклучи менување на проблематичната Преамбула на Уставот, суштинска децентрализација на земјата, попис кој ќе се спроведува со меѓународна помош и предвремени избори“.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Впрочем, тој го претпоставуваше предвременото враќање на Мајка, но за тоа никому не му зборуваше.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Состојбата ѝ ја изостри свесноста за интензитетот на животот околу неа, за чудото и предвременото зреење на сиот живот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Постапки поттикнати од револт. Предвремено донесени одлуки.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)