предвиден прид.
предвиди св.

предвиден (прид.)

Тоа беше и главната причина за влегувањето на оружените нивни чети во ерата на пописот на „нуфузите” во Македонија, особено кога веќе требаше да се воведат предвидените Мирцштетски реформи.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Руското покровителство станува ненужно кога ние си имаме „самостојно” и „национално“ бугарско покровителство. 3/ За бугарските владици што ни ги подари Стамболов ние плативме со немањето на автономни права, предвидени со Берлинскиот трактат.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Престанаа со пукањето и едните и другите, но Турците, таман се затемни убаво, ја запалија племната од комшијата Стевана и целото куќарче го осветлија, та Шаќир и Јован не можеа да го направат предвидениот препад зад куќата и да го скинат опсадниот обрач.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но тие што треба да ги извршат овие задачи, ги одлагаат работите, влечкаат, не го почитуваат времето, или, како што се вели, предвидените рокови.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
А оној што сака да носи воздушна пушка, што сака да стрела со неа, нека оди на стрелиште, место предвидено и уредено за тоа.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Под црногорицата луѓето се раѓаат тврдоглави и умираат такви, И не им останува друго туку или да научат да живеат заедно, во пријателство, или пред време, пред тоа да го стори природата според свои тајни закони, да отидат по ѓаволите, не еден по еден според предвиден ред туку сите наеднаш, Со еден крик од кој ќе се уриваат карпи, ќе пукаат глечери и ќе се отвораат зараснати вулкански рани.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Како таа да не била предвидена од резонот на апаратските бирократи кои ќе се покажат мошне вешти со нивните први реакции.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Се донесе привремено решение козарите да се сместат заедно со козите во предвидените куќи и станови, а проблемот со козите да се решава во согласност со очекуваните инструкции од повисоките партиски органи.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Не можеа да се изградат предвидените фабрики, училишта, патишта, мостови.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Нештата не се предвидуваат. Кај Михаил Ренџов тие се појавуваат сосема неочекувано, но со сила на предвидена и направено.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Кога, по предвиден број часови, ќе завршевме со работата и вечерата, се повлекувавме во странични отвори на тунелот и спиевме во слама, покриена со ќебиња.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Чита, коментира. Мора да ја исполни предвидената норма за брза, инстант индоктринација.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Всушност, немоќта да се излезе на крај брзо и неповратно со предвидената замена на верувањето што очигледно завршуваше со пораз, со своите видливи последици беше присутна во Атеистичкиот музеј…
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Требаше да се довлечкам во хотелот на мала починка пред предвидената реална претстава во скадарскиот театар.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
На триесет и петгодишна возраст тој штотуку и неволно беше отпишан од Младинската лига, а пред да влезе во Младинската лига, успеал да остане во Шпионите една година преку староста предвидена со статутот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
79 Предвидениот датум, 10 мај, бил одложен. Точниот датум на спуштањето на оваа мисија не е познат.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Според планот за изведување на акцијата се предвидувало: формирање на Главен штаб, да се изврши извидување и собирање на сите релевантни информации, да се пристапи кон обука на сите лица предвидени за акцијата и „истражување на активностите и процената на можностите за кооперација со другите герилски групи во областа“. 63
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Влатко обезбеди статија: ЦЕЛ ГРАД КАКО ДЕПОНИЈА!!! со поднаслов: Градските власти уште пред стартот на акцијата свесни дека во предвидениот рок нема да може да се исчисти градот.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Според предвидениот план бригадите заминале на извршување на поставените задачи.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Беше предвидено, поради безбедноста, никој да не нѐ испраќа, а и малкумина знаеја за нашето заминување.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Повеќе