предвечерие (ср.)
Празнина. Лилавоста на предвечерјето го спушта небото, сѐ што е под него останува вкочането во некое исчекување.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Така, минувајќи сред вревата на градското предвечерје, како одново да се откривав пред љубопитниот поглед.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
Одевме по пругата; сонцето заоѓаше и наликуваше на оној пајак од мозаикот; како во средето на небото да лежеше спокоен вжарен пајак, јагленче вжарено во својата мрежа од зраци, кои раскошно го опсипуваа со злато целиот питом пејсаж, со благи ритчиња и долчиња, со винороди, лозја осенчени во предвечерието.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Во историската хронологија Херои и Убијци и во романите Мара и Лавот од Јанина прозната структура е градена врз темелите на животот на Македонецот во Македонија и врз историските настани на Балканот од крајот на осумнаесетиот век, преку Илинденското востание и Првата светска војна до предвечерието на Втората светска војна.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Адолфина, паулина, марие и роза - сал една би била вишок во драмата на чехов а сите се отпишани од тефтерот на брат им зигмунд фројд отла и кажува на адолфина дека ги довеле во логорот во терезин и дека е најдобро тука да останат што подолго отла и кажува на адолфина дека храната е еднолична, катаден супа од леќа а попатно и спомнува дека има брат по име франц кафка адолфина веќе почна во себе да го портретира кафка мачејќи се во шеширот да му ја смести ергенската несреќа - во бараката на трудниците несреќата има друго име во предвечерјето на смртта и без месечина јасно се гледа дека црното млеко не е поетска измислица под црно сонце во црна темница четирите сестри на зигмунд фројд спокојно го чекаат црниот воз кон невратот рано в зори и не го забележаа брат им зигмунд како нервозно се тртка лево-десно на перонот пред да си ја испрска совеста во ѓолчето од сестрински солзи.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)