превид (м.)
Меѓутоа, тој сепак направил мал превид: во 1889 год. сепак избегале само мал број македонски студенти ученици од Белград во Софија, додека големата група за којашто зборува тој овде, ја напуштила Србија на почетокот на февруари 1890 год.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
- Да, браќа, - продолжи директорот, свесен за превидот, - вие ќе се вклучите достојно во прославата во која нашата Партија на трудот, нашиот народ ќе ја покаже големата љубов кон великиот Сталин и почитта кон неговото дело, во името на целиот пролетерски и работнички свет.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Како е можно. Тој глас можеше да го препознае во милион, а сега направи превид.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)