пребегне св.

пребегне (св.)

И порано ти велев: пребегнат е тој и се крие како гробник низ селово...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
По пребегувањето во Албанија, мажот ѝ умре, и жената остана сама со девојката.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
По делбата на Источното и Западното Царство, нашите христијани се поделија на католици и православни, а по инвазијата на Отоманската Империја голем дел се преобрати во исламот, дел ја задржа старата православна или католичка линија, а не малку пребегнаа кон Италија и други земји во западна и источна Европа со старата религија...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Кај нас, како емигрантско семејство, тоа сигурно ќе ги поттикнеше да реагираат силите кои беа за нашето заминување кон Америка или Австралија, како што беше редот со сите емигрантски семејства пребегнати од Албанија.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Јас, син на некогашен албански емигрант, пребегнат од Поградец (Албанија) во Струга (Македонија), во далечната 1943 година, бегајќи со семејството од фашизмот во Албанија, преживувајќи во социјализмот во Југославија, станав прв амбасадор на новата Република Македонија во Франција.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Не им се судеше, бидејќи за таквиот чин одамна беше донесена пресуда дека секој кој ќе присака, ќе се обиде, па дури и ќе помисли да пребегне отаде граница, ќе биде стрелан.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
За време на граѓанската Понтјите беа пребегнати во Лерин, а во нивните куќи беа се сместиле членовите на таканаречената привремена демократска влада на Грција, која беше формирана во декември 1947 во преспанското село Асамати што се наоѓа во Република Македонија.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Се пушти глас дека беа фатени на граница при обид да пребегнат во Југославија.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ружди живее во егзил односно живее со пукнатината низ која истекува неговата другост, онаа кон која решил да пребегне, да се изолира, да опстои во самоизгон.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Таа беше често отворена и за емигрантите од нашите краишта кои пребегнале преку ѓаволски затворената горница во почетоците на сталинистичките времиња, со намера да заминат во далечните Америка, дури и Австралија.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Па уште и вака ми сечи умот: најдобро е да гинат, а уште подобро да изгинат сите, а ако не, тогаш тоа што ќе успее да опстане живо во планињето, само ќе пребегне во мајчината...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)