прародител (м.)
63. Тие глупости на бугарскиот народ се за нас Македонците како прародителски грев што ќе поминува од поколение на поколение.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Моќта на зборот и преку сликата да се доближи до мислата и размислата, е процес што егзистира во поезијата од нејзината праисторија: во генот на зборот е да формира слика, во смислата на сликата е да се крие нејзиниот прародител – светлината и сенката на неизречениот збор.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Дали овие деца, создадени од етерни нерви, ќе ги слушаат приказните за моето детствување онака како што јас ги слушав приказните на моите прародители за кумановското или солунското детство?
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)