празнотија ж.

празнотија (ж.)

Ѕвездата му се гаснеше. Ми личеше на скршена порцеланска фигура на оној Пенчо, што го познавав, му завидував и се одушевував од него, пукна пред мене и ја откри својата празнотија.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Оној третиот Пенчо што го знаев - сонот на моето детство, бестрашен и силен, господар на сите деца од улицата, со параден војнички чекор, слободен од стегите на уличиштето - полека гаснеше во мојата свест и оставаше во мене некаква празнотија на измамен човек, навреден до солзи.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Се враќа со неколку црномурни дечиња во очите. И најубавото од нив И го фрла на својата празнотија. За да 'ржи посилно.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Пред неговите нозе играа со конзервена празнотија кусоноги, кадрави близначиња до појас стегнати во црвени чорапи.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Можеш и млад слон да сместиш во оваа празнотија. „Колку можете да добиете утре за него?“ ги праша и сфати дека понекогаш и боговите клекнуваат пред упорноста на безначајните верници а можеа да бидат богови само затоа што ги сакаа необичностите.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Сѐ што чекаше, беше завршено, и сѐ што ќе дојде отсега па натаму ќе биде како некое дополнително постоење, одделено од првото со овој миг на леснотија, на празнотија, на зачудување и на олеснување - единствен миг, без сомнение, што треба да се поздрави патем и во чија што чест запазив едноминутно молчење. (202) Овој дневник е суптилна матрица на мрзливост. (202)
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Беше измаглица во маглата на темнината, и ова место беше ничие место, и овде воопшто немаше ни година ниту час, само овие луѓе во безличната празнотија на ненадејниот мраз, бура, и бела грмотевица што се движеше зад големиот стрмен панел од зелено стакло — секавицата.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Тој не беше свесен за ништо друго освен за празнотијата на страницата пред него, за чешањето на кожата над глуждот, за трештењето на музиката и за лесното пијанство предизвикано од џинот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ми студеше на душата од празнотијата и самотијата.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Секаде празнотија и пустелија зееше.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
А, со нашите цврсти темели, со доблесноста, самоконтролата, разумноста во согледување на вистинската реалност, сегашната состојба и сегашните дела создаваме духовен капацитет за исполнување на човечкото срце и сила да се надвладеат празнотијата, мачината, тешкотијата на животот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)