празнично прил.
празничен прид.

празнично (прил.)

Празнично утро. Костадин е сам, и, токму после миењето, се брише со крпа).
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Деведесет Христови воскресенија ќе остават зад себе и кога црковната камбана ќе го испрати архангелот Михаило со нивната душа, тие остануваат да лежат на одарот празнично свечени.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Пролет, негде и во душата: сиви гулаби се слевуваат од небото, црвена бубалка на дланка, бакарен сјај на црковните прозорци, празнично заскрнување на камбаните.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Низ тие очи се наѕираа дните од неговото детство: црвени покриви и штркови празнично исправени на оџаците, бели меки облаци, разигран ред јасики и месечина удавена во непокриен бунар.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Чалгијата молкна... Кога стигна на езерскиот брег, Панде осети како го обзема свечено, празнично настроение...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Стасал да појде кај берберот и сега лицето му изгледа празнично жисто.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тој пак се затвора во својот свет, полн со мисли и некакви несфатливи светлини од коишто сета негова душа празнично грее.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И притоа вреват и се довикуваат како во празнично утро...
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И ова утро полковниците се искачуваат со коњите по падините на планината над селото, додека селаните празнично облечени излегуваат од куќите и се упатуваат кон црквата Св.Ѓорѓија на утринска молитва да му се помолат на светецот за живот и здравје и да им помогне во спортот...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Сите сме сосем спокојни и дури во празнично расположение.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Уште е доста рано, а по сокаците веќе се движат деца, празнично облечени, Турчињата со фесови извадени од калап и со нови долги панталони.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Кога Татко ќе ѝ откриеше место на новата книга во библиотеката и кога ќе ја прочиташе на начин којшто веруваше дека е единствениот, во нашата куќа настапуваше тивко, празнично настроение.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Куќата беше облечена во празнично руво, насекаде светната.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)