правосилен прид.

правосилен (прид.)

А врховна потреба е да се знае дека кајшто има сила нема правдина И уште да се запамети дека е правосилна онаа народната Дека се рече ли кучето бесно е си останува бесно што и да стори отпосле Од друга страна и меѓу самите Словени мнозина знаат Дека и Словените и пансловените не се китки за мирисање И дека особено тешко се ослободуваат од стари соништа
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Дури е воведен и повторен комисиски преглед по службена должност, кој се врши доколку правото на инвалидска пензија не биде остварено најдоцна три месеца од правосилноста на решението за утврдена инвалидност (чл. 6).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Но, четири години подоцна, колку што време беше потребно законодавецот да сфати дека погрешил, со четвртата измена на ЗРО (2005), од октомври 2009, оваа чудна и нелогична законска одредба комплетно беше избришана (чл. 27, ЗИДЗРО/окт.09); в) за прв пат се воведоа и одредби за престанокот на дејствувањето на овие асоцијации, и тоа поради следниве правни основи: (1) ако така одлучи извршното тело на синдикатот, односно здружението на работодавачите, кое со статутот е овластено да одлучува за престанок; (2) ако од одржувањето на седницата на највисокото извршно тело на асоцијацијата, без посебно важни и оправдани причини, поминало двојно повеќе време од времето со кое со статутот е определено дека таква седница мора да се одржи; (3) ако бројот на членовите на синдикатот, односно здружението се намали под бројот определен со овој закон за основање на синдикатот, односно здружението; 31 и (4) ако му е изречена забрана на дејствување на синдикатот т.е. на здружението, со одлука на редовниот суд. 32 Постапката за забрана на дејствувањето на асоцијацијата се покренува на барање на органот овластен за регистрација или, пак, надлежниот суд. 33 Изреката на правосилната пресуда за забрана на дејствувањето на синдикатот, односно здружението, се објавува во Службен весник на РМ (чл. 201-202, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Но, наместо само врз работодавецот, со новиот Закон, е предвидено со ваква казна паралелно да се казни и одговорното лице кај работодавецот (чл. 227, ЗИ/05) – што, пак, се очекува да даде поочигледни резултати при ефективното спроведување на судските одлуки во сила, знаејќи дека тоа лице ќе биде и лично погодено со оваа негативна санкција, доколку на дело не ја спроведе судската пресуда која е во корист на работникот. 3) тенденциозно бришење на цел еден појаснувачки член, којшто го регулираше надомест на плата во случај на враќање на работникот: имено, во новиот ЗИ (2005) целосно е испуштен чл. 226 од стариот ЗИП (1997), којшто предвидуваше дека работник, кој поднел предлог да биде вратен на работа во правно лице, може да предложи судот да донесе решение со кое се определува дека правното лице е должно да му ги исплати, на име плата, месечните износи пристигнати од правосилноста на пресудата – додека не биде повторно вратен на работа.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Одржани се вкупно четири рочишта за главна расправа, а целата судската постапка –  до нејзината правосилност од декември 2007 – траеше околу една година.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Правичниот надоместок паѓа на товар на Судскиот буџет и се исплатува во рок од три месеца од денот на правосилноста на решението на Врховниот суд (чл. 36, ЗСуд).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
1. Да е државјанин на РМ; 2. Да има живеалиште во РМ; 3. Со правосилна пресуда да не му е изречена казна, односно прекршочна санкција забрана на вршење професија, дејност или должност додека трае таквата мерка;
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
1) да е државјанин на Република Македонија; 2) во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Па така, според чл. 3 од Законот за изменување и дополнување на ЗИТ, се менува чл. 8 од ЗИТ и инспектор може да биде лицето кое ги исполнува следните услови: да е државјанин на Република Македонија, да е полнолетно, има општа здравствена способност, не му е изречена казна со правосилна судска пресуда за забрана на вршење на професија, дејност или должност, има стекнати најмалку 300 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен правен, машински, градежен, архитектонски, електро, технолошки факултет и факултет за заштита при работа, што се докажува со уверение, лицето да има пет години работно искуство во струката по дипломирањето, ги исполнува другите услови утврдени во актот за систематизација на работните места, поседува меѓународно признат сертификат за работа со компјутерски програми за канцелариско работење и тоа еден од следниве: 1) Certiport: IC3 GS4 Key Applications положен; 2) Microsoft: MOS Word или MOS Excell - положен или 3) ECDL: Core - положен, а притоа има добиено и позитивно мислење за соодветност за работното место преку полагање на психолошки тест и тест за интегритет согласно со прописите кои се однесуваат на државните службеници и има лиценца за инспектор од областа на надлежноста на инспекциската служба.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Обврската за исплата на бруто-плата, наместо исплата на штета, беше воведена и во случај кога има правосилна судска одлука во корист на работникот, а за работникот не е прифатливо да остане во работен однос кај работодавачот (чл. 4 од ЗИДЗРО/јан.12).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)