правоаголен прид.

правоаголен (прид.)

Двајца мажи влегуваат во гробот, кој нема како денешниве рамно дно, туку на дното на гробот ископана е правоаголна дупка, нешто како гроб во гроб, и во неа го положуваат стрика Анѓела, откако пред тоа го подземаат од други двајца кои им го подаваат завиткан во веленце.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тоа е за нас сеуште неразбирлив и непрепознатлив свет, со некаква злокобна искривеност, на која што жестоко ѝ се спротивставуваат нашите ментални правоаголни координати, научени на линеарниот бескрај на критиката и историјата.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
„Мене ми прилегаат на обични правоаголни прозорци.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Синкаст регион во горниот дел на сликата би можел да биде небо; неколку региони кои составени даваат правоаголна форма би можеле да бидат добри кандидати за врата или прозорец; дел од паралелопипед може да биде кандидат за покрив и уште ако над него има регион кандидат за небо, а под него регион кандидат за прозорец, тогаш на хипотезата дека разгледуваниот регион е покрив и се припишува голема веројатност.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
До ковчегот, водарник со леѓен за миење и казанче за вода обесено над него со мало славинче; стомна, ѓум, матарка што татко му во свое време ја донесе од на фронт, целата исчукана од влечкање по ровови, а потоа и овде од носење по полето и планината; тепсија на која сјајот ѝ потемнал и ги покрил арапските шари на неа; над водарникот обесено парче огледало како месечинана на погибеж, прекриено со прашина и слепо; на спротивниот крај од креветот, ниска, правоаголна печка со четири нозе од кои едната е окуцана и потпрена со тула, со две тркалца на неа, - гусани обрачи што се вадат при готвење, и целата 'рѓосана; на неа оставено газиено кандилце како на гроб; на дрвената кукалка во ќошето обесена гајдата од татко му, провисната со писката и брмчалото надолу, како обесена овца; останата по смртта негова за да му го чува последниот дуеж во неа, неговата душа.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Арена ги вклучува и двата мали купа од тенки правоаголни плочи изработени од: филц, восок, железо и бакар.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Завршниот проект на психијатриската болница Јорктон предвидуваше комплекс кој опфаќа неколку мали правоаголни згради.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Како усвитен метал, дигиталната буква стана правоаголно тело, и тие тела се претопуваа едни во други.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Беше тоа гравура на една заоблена градба со правоаголни прозорци и со мала кула во преден план.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Гласот доаѓаше од правоаголната метална плоча, како затемнето огледало, која зафаќаше дел од површината на десниот ѕид.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Меѓу границите на супер-државите, и не во постојана сопственост на ниту една од нив, лежи една приближно правоаголна територија, чии агли ги прават Тангер, Бразавил, Дарвин и Хонконг, на која живее приближно една петтина од вкупното население на земјата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кога подобро ја завлеков раката во темното, видов дека е тоа лимена кутија, правоаголна, добро затворена.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Бегот првпат го видов не кога отидов таму, зашто тогаш ме зедоа постарите прислужници и ме однесоа во помошните згради зад сарајот, туку подоцна еден ден кога јас се најдов близу до предниот двор на жолтата голема зграда со долги правоаголни прозорци и оттаму можев да го видам како се качува на еден дораст коњ, опкружен со слуги кои, кога коњот се препна под шибањето на мамузата, се тргнаа скраја.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Правоаголното бело плико сепак не би го ставал таму како експонат на перформансот.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Под неа десно, каде што завршува засекот, сум го одбележал школото, еве, тоа било школото, со две училници, жолто обоено и со големи прозорци, сега црни правоаголни дупки.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Ѓорѓија молкум седнуваше да јаде на правоаголната маса, покриена со омразениот чаршаф кој старицата го обожаваше, чуван со години; таа седнуваше спроти него, го галеше чаршафот со едната рака, како да го чисти од невидливи трошки, го набљудуваше син ѝ и му забележуваше: - Зошто не јадеш од црниот леб?
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Дали заради аголот од кој ја биеше сонцето, или така веќе си беше, изгледаше како да ги изгубила правилните правоаголни димензии.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Имаше и мал правоаголен отвор на дното под екранот, и Боб колебливо зачекори накај тој отвор.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Вратата со напор се отвори, и висока правоаголна сенка жедно ме повлече внатре.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Супермаркетите, плацевите за половни коли, крчмите што имаа правоаголни прозорци од стакло и тули, блескаво новите автомобили, што беа изложени и можеа да се видат низ прозорците од дебело стакло, продавниците за електрични апарати, продавниците за мебел, цвеќарниците, козметичко-фризерските салони, целиот нов трговски центар, кој брзо се изгради, едновремено со геометрискиот станбен дел од градот на рамниот терен, сите наизменично се менуваа и не му разбудија ни најмала емоција и тој не можеше да ги препознае.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)