поштен (прид.)
Ќе ги вратат чесно и поштено и со некој динар и друг интерес на недела ли, на месец ли, како ќе најдат мунасип бацковците.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Фрчат пари од сите страни Се прашувам можно ли е оваа држава да е толку поштена? Дури и наивна.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Бидејќи првиот свет е секогаш Америка Америка секогаш е прва освен на светското првенство во ватерполо На кое тукушто победи Црна Гора За која нејзините жители уште од времето на владиката Данило Си пееле дека Црна Гора јес малена ал је часна и поштена
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)
Дали ако мислам позитивно би успеал да станам тајкун со поштена работа од 8 до 4 и плата од 200 евра?
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
А бе, знаат во Турција, чуле и тие дека во нашава држава жените се „поштени“!
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Дали беше поштено од моја страна да се втурнам во таков поход?
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Дали беше поштено од моја страна тоа што изневерив?
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)