почувствува (св.)
Но штом ќе ја поминеме границата на Македонија, или на југ или на североисток или на север, т.е. во Грција, Бугарија, Србија, наеднаш ќе почувствуваме оти на нас дува веќе друг ветер; ќе почувствуваме дека ние таму сме само неканети гости.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
91. Иако имаше силни манифестации на македонската национална свест уште од половината на минатиот век, сепак 1890 год. претставува значаен меѓник во македонскиот национален развиток, бидејќи тогаш најизразито се почувствува активноста на туѓите националистички пропаганди и настана нагло и моќно раслојување на поранешната единствена народна маса што предизвика и најсилни бранувања сред македонската интелигенција за отпор против туѓинците и за народно единство.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Се сетив дека Пенчо пред неа ме удри во градината и се почувствував силен и жалосен.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Белките на нејзините гипсени очи слепо ме меркаа и јас се почувствував беден и непотребен на овој свет.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Илко се загледа во Доста, па во месечината, пак во Доста, пак во месечината и почувствува дека навистина му се смее и го гледа, ама место да се уплаши или засрами, тој го собра лактот на раката на која лежеше Достината глава и оваа се најде под неговата гуша.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Се почувствува слободен, одврзан, без нарилник, без самар пашито добитче, ждребе, јаре, теле. Не, не, нешто уште послободно: срнче, еленче, сокле кое не знае за никакво ропство ни ограничување; кое никој не може да го задржи кај што ќе сака да оди, по земја или по небо, преку планини, преку реки и мориња, на крајот на земјата и кога сака пак да си се врати во седелцето.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Се почувствува свој човек и порешително застана на своето.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Тој тажен го почувствува припекот на сонцето и го виде шишето во вирчето под кладенецот како, нишкајќи се, плива по површината.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Мартин му ја прегрна раката, се поткрена кон неговото уво и шепна: - Тате, тој е! – рече и пак ги почувствува сите студени морници како му јурнаа по малото топло, тукушто разбудено тело.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Тие почувствуваа дури дека брадјосаниот човек ги лаже нешто исто како кога лисицата му се преправала на петлето за да му го скине вратот.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Го виде, и самиот се почувствува како мртов.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
И повтори „Свињо“. Но почувствува дека и другиот нешто знае онака бел во лицето како и самиот што беше, како брестот и поднаредникот, во оној ден пред тоа.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Кога освен својата почувствува и туѓа крв, се засили уште повеќе.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Почувствува дека по тој начин сака да продре во некоја тајна. Испитуваше, слушаше.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Да ѝ каже ли дека болката под третото ребро ја почувствува сега првпат со својата свест и дека сега знае: таа почнала порано, пред да го бараат низ нишан, порано од денот на гревот забременет со безброј нови гревови, секој со сета боја и свој звук.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Се почувствува осамен. Не го прогонеа.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Уште кога ја омириса миризбата на тос, со која секогаш скапоцените ткаенини беа во тоа време прскани да не ги напаѓаат молци и други инсекти (таа миризба по селата ја сметаа за турска) Анѓа навистина почувствува одвратност до блуење.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Зад напластеното сивило, ликот на еден Фројд стануваше нејасен и тој, Иван, почувствува дека совршениот механизам во него се руши со татнеж, дека тоне во црна недогледност.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
При тоа убаво си ја чукна главата од железото но толку беше преплашен та не почувствува никаква болка.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Затрепери пред него нежна и млечна белина и му ја изми душата па се разведри и почувствува дека подочниците му спласнуваат.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)