почетен (прид.)
На челниот дел од куќата, под стреата: срце, прстен, токосани раце, ангелче, венче, и во нив: почетните букви од името и презимето на домаќинот и годината на градењето; балкони: украсени со елементи од железо или ламарина во форма на триаголник, четириаголник, ромб, ромбоид, круг, трапез или со гипсени елементи во вид на амфори, во вид на подлактени раце или сосем едноставни со парапети кои завршуваат со коритца за цвеќиња; чардаци: долги колку што е долга и куќата, со пармаци, со плотици од костен, од даб, од јасика; на чардаците испуштени башлаци над кои висат мали куличиња низ кои може незабележено да се ѕирне во дворот, на патот, или во време на војни и арамилак, да се протне цевка од пушка и да се направи пусија; покриви: со рамни или со стрмни стреи, со испуштени чакми и кучиња, со поткренати маи како крилја од птица, со издолжени предни страни како козирка од капи, или прекинати со предниот ѕид што се крева нагоре за да го затскрие покривот; вратите: со една, со две поли, обични или со нутифедер, со украсни бордури на секоја пола, со надвратни прозорчиња застаклени или опшиени со мрежа за заштита од секакво гадурии; на вратите жапка или шуличе што се отвора со стап кој постојано е врзан на вратата, ѕвонец што ќе чукне потивко или посилно, резе со катинар или брава донесена којзнае од каде; прозорците: широки, европски, или пак тесни со по неколку крила доближени едно до друго за што подобро да ги осветлат просториите; оние што се на долниот кат и низ кои може да се ѕирне, заштитени се со железни прачки извиткани во разни форми; кај што нема железни пречки - дрвени капаци испукани од сонце и дожд, но кои ноќно време убаво ја затвораат куќата како дланки склопени на очи или како мравкини дупки.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Подоцна, читајќи книги со шарени цртежи за прекуокеанските освојувања постепено почнав да сваќам дека најуспешен почетен чекор на освојувачите бил што ги збуниле домородците со необичните ситници (повторно, чудесното огледало).
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
Првин, имајќи го постојано на ум едниот, почетниот, крај, убиството на стрика Анѓела Јанчески, се обидува да го намота клопчето на мислите за потоа да почне да го одмотува сталожено и лека полека сѐ до основната, сѐ до часов сегашен, во кој тој се обидува да го нацрта планот на населбата во Потковицата, - цртежот оставен на масата на средината на одајата тоа означува, план на населбата во Потковицата, заедно со црквата, со општината и со училиштето, кои треба допрва да бидат изградени - потоа, не станувајќи од столот, гледа низ едниот па низ другиот прозорец.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Таму, на главната улица, забрмчуваат првите утрински ГСП автобуси: од останатата бучава ги одделува тврдоста на почетниот звук, па карактеристичното тропање отпосле.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
На почетните прашања одговорив точно, небаре за лична карта - така токму мене ме пронајдоа.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Но мајка, природно, сакаше да нѐ смири, па му се обрати на татка ми со друг тон: – Сигурно Чанга има добри вести! Таа се враќаше на почетна мисла.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Признавањето на заедничката врска меѓу жените е почетна точка за феминистичката свест и тоа го запечатува пактот меѓу жените.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Феминистичкиот субјект затоа ја гради, одзема од, и ја има за свој почетен момент Жената како проблематичен означител.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
20.00 Постои тенденција на чести ерекции за време на почетната фаза од пушењето, што ме потсеќа, кога сме веќе кај оваа тема: за сексот во однос на хероинот можам да кажам две работи.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Граѓани разболени од почетниот амок или Бенг-утот ги држат своите пениси и ги викаат туристите на помош...
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
По точно шест модулации, како по некаква магија, канонот се враќа во почетниот тоналитет: C мол.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Сите гласови во тој момент се наоѓаат точно за една октава повисоко од почетната ситуација, и тука сега делото може да се оконча со таквиот пријатен музички ефект.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Доста време поминав со потполно скршени, луди луѓе, и дефинитивно сметам дека е потребно во срж да се измени почетното образование и подготовката на професионалците што работат со таквите луѓе.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Но истовремено го остава недопрено почетното прашање зошто централната честичка во основата не го чувствува и најголемиот притисок во купот.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Но, забележете дека почетната точка на научното објаснување беше потполно неочекуваното и навидум неверојатното согледување дека со спојување на два прилично активни гаса можеме да формираме течност и тоа таква течност чии особини радикално се разликуваат од својствата на нејзините составни делови.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Со устата во процепот од средни големини пак намести се во почетниот збор на истераниот вокатив.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Подемот и падот на овие авангардни движења ги постави почетните и завршните точки на првата, УТОПИСКА фаза на МОДЕРНАТА УМЕТНОСТ.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Сепак, се обиде да го врати разговорот на почетните позиции што мораше да ги брани: - Во некои работи и би се согласил со вас.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Тој почетен парадокс создава други.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Застрашувачко продирање во сржта на мракот кој владее над Албанија во времето на Црвениот султан, како што го нарекуваа Енвер Хоџа, при што авторот останува тврдоглаво верен на својата почетна намера: да се откријат во ткаежот на балканските времиња за подобро да се согледа целата шара.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)