почесен прид.

почесен (прид.)

И, ако со виното вдовица вашата силна жед ја загасила медно, а ако ви бацило рака со насмевка милна сираче нејако, бедно, ил ако во гозби сте имале почесно место — кое е гордост, би рекол - и ако здравицата вам ви се здравила често: здравје ви посакал секој — па, да се присетиме ние за тоа и нека да се покажеме смели!
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
КОСТАДИН: Во сојот не чепкај, зашто ќе се испечеш! Не ти се допаѓа? Подобар е од твојот и почесен!...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
КАТА: Убав е тој. Почесен од него здравје!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Уште пообемна е неговата општествена дејност: бил секретар на Друштвото на писателите, секретар и претседател на Македонскиот ПЕН центар (сега почесен потпретседателот), основач и претседател на Граѓанскиот комитет за македонско-грчки дијалог и разбирање, основач и претседател на Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија (сега почесен претседател), член на бордот на Транспарентност Македонија, член на писателите при Универзитетот во Ајова, САД, главен уредник на издавачкото друштво „Стерна“.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Сандолини, нивеи, многубојни сонцобрани, преферанс, нудистички манифести - јуни, јули, август, и повеќе од тоа - слободно купување во дипломатско-министерски магацини, пропусници за почесни празнични трибини, невидена покуќнина од затворските работилници.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ги вратија коњите по децата што дојдоа со нив, а тие ја формираа првата почесна редица од гледачи.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Без тоа дежурни походи на англо-американски шпиони и мисионери, со полни џебови фунти и долари кои на Черчил ќе му го донесат местото на почесен граѓанин на Грција.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сандолини, нивеи, многубројни сонцобрани, преферанс, нудистички манифести - јуни, јули, август, и повеќе од тоа - слободно купување во дипломатско- министерски магацини, пропусници за почесни празнични трибини, невидена покуќнина од затворските работилници.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Тие беа столови за старите почесните луѓе во селото меѓу кои беше и дедо Крстин.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Претседателот со десната рака ми честита, со левата ме прегрнува, ме бацува и потоа, сѐ уште држејќи ми ја раката, се истргнува да можат присутните да видат колку величествено изгледам со почесниот забрадок во боите на државното знаме околу главата.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Затоа те и ми нудат почесен стол во своето друштво.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Примале почесни нарачки и неуморно работеле.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
- Нашата понуда е почесна од вашите муцки.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Фасадите потпукнуваат почесна стрелба, ги шират своите цврсти ѕидови... минуваат купишта луѓе, креатури од далечните ѕвезди, виолетови каскади... продираат во ѕидовите, заканувајќи се тонат во асфалтот.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Бидејќи бевме канети за кумови, имавме почесно место на масата.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Ме очекуваше да одиме заедно во градот, до градската куќа, каде што се очекуваше Мајка Тереза да биде прогласена за почесен граѓанин на својот роден град.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Градот реши, на иницијатива на четириесетина потписници, да ме прогласи за почесен граѓанин, во знак на благодарност за придонесот на моето книжевно дело, односно за придонесот за балканската книжевност, што овозможи мојот роден град да стане познат во светот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Му се стори како некоја голема порта да му се отвора и тој само треба да влета низ неа, не вјавнат врз некое нејако ждребе, туку разбашкарен во султански шестопрег и околу себе со носачите на почесните нишани, и со сета бројна послуга од собари, амамџии и готвачи, па дури и со хазнадарот кој од кожена торба вади по пет гроша и ги раздава на сиромасите.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
ЈАКОВ: Господине претседателе на литературен кружок, фабрикант на сапун, потпретседател на општина, секретар на друштво за француско славјанско пријателство, почесен член на друштвото за филателисти, откаде во вашата зрела фаза толку омраза за еден луд дилетант?
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
На лионската железничка станица ме чекаше генералниот почесен конзул на Македонија, Бернар Ролан, поранешен пратеник и сенатор на Франција.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Повеќе