поуми (св.)
Мајката се поуми, се поуми и тргна кон Пецевите.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Ја ведна главата, се поуми, а кога ја крена, очите му заискрија од пакост и рече: - Да те прашам: сите ли ти платија?
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Капетанот малку се поуми, но попушти, пристапи. Се поздрави прво со Србина.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)