потцени св.

потцени (св.)

Како што гледате, господине министер-претседателе, – продолжува Спространов – ваквите идеи што веќе нашироко се прифаќаат од македонското население, не се ни малку за потценување за да не им се посвети високо внимание.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
ТЕОДОС: (Влегува во ноќна, долга кошула, со мазно од вечерта избричено, а мрачно лице, на кое никогаш, ни за миг не светнува осмевка и ведрина, со густи, накуштравани веѓи кои го оцртуваат намуртеното чело и го засенуваат, правејќи го уште постуден студениот поглед; со остар, отсечен говор, кој скоро никогаш не е разговор со луѓето, ни со најблиските, туку карање, викање на нив, на најблиските најмногу, со потценување дури и презирање преку волја, како и да не заслужуваат со нив да се разговара.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Реферира везирот уште за сума писма од полководците на исток и на запад по средоземноморските брегови од каде што идеа само поволни извештаи – од победи кон победи и најпосле, со извесно потценување, правејќи гримаси како за нешто безначајно, изусти: – Еве, милостиви господару, и една ситна работа, ако ми дозволиш да ти доложам.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Не се смееше, беше потсмешлив. „Не верувам дека секторот ВИП* е за потценување.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Не е баш разумно да се потценува тоа.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
А тоа пламтеше од радост и гордост и со потценување гледаше кон заспаното сино јоргованче.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Толе на очи ги измаскари Перета, Тренков и Ацев, а особено неговиот бивш секретар Шаќира што побегнаа од Витолиште; ги потценува и понижува со разни епитети: кокошкари, мазникари, но си ја зеде грижата да не ги даде в раце на потерите и на смртта од глад, та така од една висока точка се постави како нивен заштитник.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ние, добри мои читатели, честопати потценуваме некои работи, ни се чини дека не ни се исплати да ги работиме. Дали е така?
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Тоа дури ќе предизвика потценување и сожалување.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Истовремено размислувате и за тоа дека човекот што не ви отпоздравил ве потценува, за него сте безначајна личност, а тоа длабоко ве навредува.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
при одење главата им е поткрената, рацете им мавтаат, чиниш, пливаат; тие луѓе смело приоѓаат на сѐ, не се плашат од тешкотии, па дури често и ги потценуваат; многу работи превидуваат, но грешките бргу ги исправаат; ретко, или никако не бараат совети или помош од некого; сакаат да им се слуша зборот, да ги слушаат луѓето;
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Отфрлен и потценет од угледните бегови, жолтолик, жолтоок и жолтобрад, под широката облека со повеќе коски отколку што му се нужни на еден мислител, не сфаќајќи дека попусто крева глас и дека дури и селаните бегаат од него, се решил да појде во Стамбол и да ја обвини грабежливоста.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ваквиот однос на потценување на нејзините вредности лошо се одрази во практиката, снижувајќи го бараниот стандард, во некои случаи влијаејќи и на самата уметност.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Кој прашува на овој начин тој ја потценува силата на традицијата, тнр.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Дребното е големо, ситното е крупно, неважното е важно: не потценувај ја оваа ука!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Кој е тој анонимен диктатор на моите мисли, со кого јас, со силата на потписот се обврзувам да ги делам неговите чувства, да ги преземам како сопствени (не треба да се потцени тука димензијата на потписот како гарант), па станувам негово шизофренично алтер его?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Но уката на чтението бара гласовите да се читаат; ти тоа добро го знаеш, нели?“, рече и благо ме скара со прстот, оти таа ука ја имав потценето.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Аха, сторив јас“, а тој, бидејќи виде оти го проѕрев дека сака да ми ја потцени варта, налутен си замина.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„Семјон, јас не барам од никого пари, но долгот си е долг и тоа не смее да се потценува а уште помалку да се заборава“, вели студено Иван Степанович а во погледот веќе му се наѕира незадоволство.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Така ме нарекуваа оние што се потрудија да ме оттурнат: Маестро ,велеа тие, не смеете да ги потценувате своите вредности.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Повеќе