потфати св.
потфат м.

потфати (св.)

Така свети Илија си ја чуваше сам стоката та никој не смееше да гибне ништо манастирско (освен питропите по селата и веќилите Вртановци во Прилеп) за да не се потфати како лисицата или волците што паднаа на пусија, откако ги изедоа манастирските ждребиња.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Но гледај чудо! - Есенскиот ветер ги потфати, ги крена високо високо, а тие префрлуваа како да се играат.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Од некни премногу се измени. Го потфатила истата болест на полјакот: по цела ноќ вооружен се врти околу куќата.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Полека сосем ѝ се доближи, ја фати со десната рака под вратот, не испуштајќи го ременот, со другата рака ја потфати одзади и ја извлече од снегот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Во еден миг го облеа топлина после што како да се исплаши дека можеби грешат, но таа мисла не успеа да го потфати и понесе.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
За такциратот на соседите од Белоперевци, дувна едно ветерче откаде Смечот, та искрите од запалените сосови ги потфатија и блиските копи и кошари.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сакаше да ја потфати за левиот образ, но таа му направи ишарет со глава, покажувајќи му ги мудурот и заптијата, и тој ја тргна раката.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Од сите куќи најмногу ветеринарот Скрез ја посетуваше куќата на Цанул и најмногу својот бик го спаруваше со неговата крава; влегуваше ветеринарот Скрез со жена му на Цанул, Цанулица, во ќералот кај кравата, и додека кравата блажено подмукнуваше под бикот, блажено подофнуваше и Цанулица потфатена од ветеринарот Скрез.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Но набргу ете ти несреќа: ненадејно се сруши еден ѕид од куќата и го потфати Ѓеро; го извлековме здробен од камењата: го исплакавме и побаравме оштета од фирмата; фирмата не сакаше да чуе.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Тежок камен ги има потфатено.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ти работиш и само си ја бараш сенката, а сенка никаде нема. Секаде сенката е подгазена, потфатена.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Дамче го потфати и му залепи две трешници па тоа лелекајќи отпраши дома си.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И само по две, три потфаќања се увери дека под убаво измазнетото сало се кријат силни и итри мускули, и уште повеќе се разгори.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Не прашувај ме за него, велам, и почнува да ми се потфаќа јазикот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ги тргам рацете и се потфаќам за некои крајчиња од блузата, од ременот, од рамената.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Нозете ми се потфатени од коњот, од тежината негова.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Нина си ги потфати пантолонките, небаре фустанче, и фати да се поклонува: „Аплауз!“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Ете така ја потфатив, ѝ фрлив трње в гаќи, само за да се соземе, а потоа уште еднаш и повторив дека чевлите многу ми се допаѓаат. Ептен ги погодила!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Тука, турканицата беше поразредена па Едо пак можеше да ја потфати Летка през половина.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Потоа го потфати блокот од двете страни одоздола (Ѝ ги протна рацете под плешките од што нејзе дојките ѝ се подадоа кон него принабрекнати!...) и се загледа во предизвикот што му го сугерираше зелената страница пред него (Се почувствува пред помама што како да го исплаши дека ќе сврши предвреме!...).
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Повеќе