потсети св.

потсети (св.)

За илустрација на одот и на резултатите од борбата меѓу стари и нови течења доста е да се потсетиме за борбата на христијанството со паганството, реформирањето на Русија од Петар Велики, преродбата на Чесите, Литовците, правописната реформа на Вук Караџиќ итн.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
За потврдување на тоа доста е да се потсетиме на тројцата: господата Бешков, (74) секретар и gerant на Трговското агентство во Битола, Цоков, (75) дипломатски агент во Лондон, и Станчев, (76) таков во Петроград.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Владееше тешка пладневна тишина, само откај реката ветерот ја донесуваше вревата на младинците, како да сакаше да го потсети да побрза.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
По еден заод некој од рабониците го потсети на оној ден кога првпат навлече долги панталони.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Но палјачото е осамен, ќе ја потсети.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
ЛУКОВ: Па сепак... доста е нешто да Ве потсети на него и тој веднаш јарко да се открие во Вашите сеќавања?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Сите негови маки и незгоди се сведуваа на тоа: со влегувањето во занданата, тукашните го потсетиле на обичајот - да ги почести со по едно кафе за добредојде во „фамилијата“. Пази боже од ваква фамилија!
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Она, што се случи со него и со волкот, не можеше да не го потсети на сето друго, што се случуваше околу него, од сите негови страни, и сега, наеднаш тој веќе беше свесен што можеа да значат и сите оние несфатливи прострелкувања на вртенестите прилики, што сновеа и пресновуваа сето време по сивината меѓу стеблата на самиот раб од неговото сознание.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А мнозина го заборавија тоа така, за веќе ниеднаш да не можеш да ги потсетиш на тоа; беа послаби и отидоа со него и не само затоа што немаа доста здрави раменици за да останат сами во снегов и да му се допрат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Трајче качамакот го потсети на една песничка.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Во неговата осаменост се населија две живи суштества што го потсетија на неговата младост.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Попусто. Песната личеше на офкање и уште повеќе го потсети на неговата старост.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
И ако разменеа по некој збор, тој секогаш беше далеку од тоа дури и да се потсети на она што мислеа.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Чадот го потсети на компирите што се варат, па забрза кон колибата. Со виљушка боцна во еден од компирите.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
„Не е точно!” збесна Профим. „Тој е овде роден... Ако си заборавила, ако ти е сматен умот, можеш да се потсетиш... Можат да те потсетат и фотографииве...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Да се потсетиме и на – Фелини кој јавно изјави дека неговиот филм „Осум и пол“ е правен под дејство на психеделичкиот фактор!
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Се изумува дека точно тој фактор ја спречува високоселективната цензура на кортикалните центри, дека се појавуваат пореметувања на перцептивините настани, дека е тоа изменета свест на личноста дека е тоа негова деперсонализација и да се потсетиме само на кажувањата на Бодлер, Олдос Хаксли, Анри Мишо, да се потсетиме на Рембо, Аполинер, Горки.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Минувајќи преку овој мост човек не чувствува дека се префрлува од една во дуга држава, ако на тоа не го потсетат различните униформи на царинарниците од едната и од другата земја.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Потсетете се некогаш на ова мое кажување, на неколкуте случки што ви ги раскажав, можеби тоа ќе ви помогне да одбегнете некоја невола.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
А јас, добри мои, би ве потсетил на најубавиот подарок што сте должни да ѝ го подарите на својата мајка, подарок што најмногу ќе ја весели и ќе ја радува.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Повеќе