потпросечен (прид.)
Новата народна уметност, онака како што ја замислува оваа Партија, не може да биде ништо друго туку терор на провинцијалната потпросечност врз сѐ што е индивидуално и што мисли со своја глава.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Но Гого, сосема случајно, онака патем или под јазик, разбра дека токму тие биле против него, со образложение дека е толку темпераментен што е просто напросто неорганизиран, а како педагошки правилно ќе влијае врз децата, кои во начело, нели, треба да се подложуваат на дисциплина, па и на ликовната дисциплина; тоа се однесувало на практичната настава, а пак што се однесувало до теоретската, познато е дека односниот бил потпросечен по успех уште во своето школување, па секој незавршен студент по историја на уметноста би бил посоодветен од него.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
По оваа песна која што знаат да ја свират и потпросечните ученици во Средно музичко се крсти и најпознатиот македонски детергент.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)