потпишан прид.

потпишан (прид.)

50. И вистина, веднаш по Востанието, по студентските бранувања за српско-бугарско зближување за сметка на Македонија, беше потпишан таен „Сојузен договор помеѓу Кнежество Бугарија и Кралство Србија“ на 30.3.1903 год. со „Заклучен протокол“ од следниот ден, каде што рускиот император се признаваше како арбитар за сите спорни прашања што би искрснале во врска со придобивките од војната со Турција.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
На 19.3.1877 г. е потпишан Лондонскиот протокол за реформи во Европска Турција, но бидејќи и него Високата порта го отфрли, дојде Руско-турската војна (1877-1878).
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Сеедно, иако не беше потпишано, ракописот го познаваше. Не му се извинуваше.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Додека „трчавме“ низ Версај, подолго останавме во оној салон каде што е потпишан Версајскиот мир и каде што на парче зелена масае скроена судбината на македонскот народ, каде што версајските „миротворци“ Македонија ја парчоса на три дела и им ја дадоа на три балкански држави како да сакаа само со потписи да го збришат постоењето на еден цел народ.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
За тоа постојат многу живи сведоци а и напишани и потпишани документи.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
На собранието беше потпишана молба, и тоа со одушевување и од сите присутни, па возбудата се пренесе низ цел град и радоста беше бескрајна поради еднодушноста и премавнувањето на разногласијата, зашто не само Власите туку и сите други кои се спротивставуваа спремно се потпишаа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Со чувство на вина што не се простува, ноќта се распаѓала на резенки и претставувала уште само сенка на ридови и на ритчиња, премногу косопасни и соголени од чифлигџии и селски копуци за да минат запрегите низ шума или да се присокријат негде призраците на Самоиловата коњица, или на Крум или на Душан, или на кој и да е војувач на ова парче земја чиј народец го проретчувал кој како ќе стаса, најпосле врз неговата тиква да се струполи и топузот на Бајазитовите потомци, тој топуз да ги потурчува каменот, земјата и човекот со тапија потпишана одлево надесно и да граба од 'ржена слама машки деца - подоцна под сабјата на младите јаничари да дојде понекогаш родниот брат или татко, ни колачот ни закланиот да не знаат дека крвта пролеала своја крв.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во возот за Виена седнав еден септемвриски ден кога беше потпишано краткотрајно примирје.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Во меѓувреме, доле во Тексас, еден писател кој се вика Брус Стерлинг веќе издал фанзин (типично строго постмодерен медиум) наречен „Евтина Вистина”; сите текстови беа потпишани со псевдоними, и сите заедно твореа групи за „герилни напади” врз СФ-от.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Постојат озаконети одлагалишта, матични книги, текстови потпишани со исто име, одговорност, сопственост, осигурувања. Тоа мошне ме интересира.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Стануваше збор за исечок од „Цариградски весник“ од 1873, за допис под кој беше потпишан Димитрија Боте, учител.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Притоа постојано поднесуваше пред очите на заинтересираните и една вистинска бумашка потпишана божем своерачно со крвта на познатиот Кравенчук, висок офицер во приштабската единица на генерал Деникин со кого заедно, само двајцата, ја бранеле отстапницата на Белите во една безмилосна схватка со Црвените.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Нели беше објавено решение потпишано од министерот за урбанизам, градежништвото и заштита на животна средина дека од втори јануари Вардариште дефинитивно се затвара!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Со прекор во гласот ми вели дека сум премногу критичен спрема себеси, дека ги бројам само промашените пенали, дека ги потценувам сопствените чекори, дека плукам на сето она што сум го правел во стариот крај, дека заборавам дека имам потпишан договор за својот прв холивудски филм, дека умеам да бидам патетичен, да се сожалувам, да уживам во сопствената меланхолија...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Налогот е потпишан од началникот на полицијата и морам да го извршам без одлагање.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
И кога верував, по одличниот прием на француската критика, особено на романот Времето на козите (чие излегување беше одбележано во централните париски медиуми Фигаро, Монд Дипломатик, Франс-Култур, Ла Кроа, Магазин литерер, Лир и многу други, веќе преведен на неколку европски јазици, номиниран за високи меѓународни награди како најдобар странски роман објавен во Франција за 1997 година, потоа за наградата најдобар европски роман Жан Моне и други), мојот издавач Фајар неочекувано, и покрај потпишаниот договор за објавување на романот Балкански клуч и согласноста да се објави романот Патот на јагулите, ме извести дека прекинува со објавување на мојата балканска сага.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Манифестот бил потпишан од страна на членовите на ЦК ВМРО Александар Протогеров и Петар Чаулев кои, по овластувањето на Тодор Александров, се потпишале во негово име.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Се сетив на тајното место. Па овде пред неколку месеци на Јасер Арафат, претседателот на еднострано прогласената држава Палестина, му ги предадов акредитивните писма потпишани на 8 јуни 1989 година од тогашниот претседател на Претседателството на СФР Југославија, Словенецот Јанез Дрновшек, како прв вонреден и ополномоштен амбасадор.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во 1936 лево ориентираните македонски студенти од Загреб, Белград и Скопје истакнале своја политичка декларација како програмски документ потпишан од 200 лица.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Добивме и дипломи со кои се гарантираше нашата лојалност, потпишани од генерал Требаше наскоро да бидеме подготвени за постови на одбрана на земјата надвор, која внатре започнуваше да се распаѓа.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Повеќе