потпадне св.

потпадне (св.)

После Македонија потпадна под Византија и во текот на неколку века во разни нејзини делови се дигаа востанија против покорителката.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
После таа цела потпадна под Бугарија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во старите пописни книги на населението и имотот, во тевтерите на воените и даночните обврзници, па во хрисовулите на византиските императори, Потковицата се споменува како феуд или црковен посед, а во ферманите на турските султани, испраќани во врска со собирањето на даноците, со ајдутите, со побуните и казнените експедиции, како султански имот, Хас чифлиг, под името Загориче, кој, најверојатно, зашто се најдува точно на границата помеѓу Битолско и Прилепско Поле во различни времиња потпаѓал под управа де на едниот де на другиот град, но за луѓето кои живееле тука, за нивната раса, религија и бит ништо не се споменувала.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Бојс, кој не гледа со рамнодушност на фотографијата од фронтот, како во слободен простор меѓу некаква уметничка верзија на „У-87“ и вистинска воена машина, не потпаднал ниту во едната ниту во другата реалност.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Покрај другото, се покажа дека во тоа време раководството на Партијата испратило наредба да се престане со секакво стрелање и случаите во врска со квинслинзите и класните непријатели да потпаднат во надлежност на судот што ќе биде оформен во слободната држава.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Тие меѓу себе, тој со себе.  Тука, му раскажуваше дедо му, пристанувале импозантни венецијански галии додека, од петнаесеттиот па до самиот крај на осумнаесеттиот век, јонскиот остров бил под власта на кралицата на Јадранот, на Неапол и на Фиренца, подоцна двапати потпаѓајќи под власта на Французите и на Англичаните, но и на Русите, за чудо, краткорочно и на Турците, за конечно во 1864 да се присоедини кон матицата Грција.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Божиновски не потпаѓа на овој притисок и одлучно одбива да ја потпише изјавата – за која верува дека е класичен случај на уцена – со објаснување дека веќе води спор со компанијата, и дека таквата изјава би била целосно невистинита (т.н. лажна изјава).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Имаат среќа во животот, но поради емотивноста, лесно потпаѓаат во негативни психички состојби и стресови.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Во периодот од првата половина на дваесетиот век, пред самиот почеток на првата светска војна Вардарска Македонија беше потпаднала под српската чизма и сите мораа да ги сменат презимињата од македонски во српски префикс- на пример од Николовски во Николиќ, Димоски во Димовиќ.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Среќна сум и горда на себе што, покрај сè, никогаш не потпаднав или се претопив во ниедна од тие групи луѓе, а сепак научив многу дружејќи се со нив, сакајќи или не сакајќи.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Биди господар на игра своја, господар на свои чувства и дејанија, кој на крајот од патот во животот свој нема да се запраша дали господар бил, туку со сигурност ќе знае, дека не потпаднал под туѓи влијанија.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
Многу често потпаѓаше под влијание на средината.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)