потколеница ж.

потколеница (ж.)

Ги чувствуваше ударите со пендреци по лактовите и со потковани чизми по потколениците; се гледаше себеси како се прпелка по подот, како вреска за милост низ искршените заби.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Имаше моменти кога се тркалаше по подот, бесрамно како животно, извиткувајќи го телото наваму-натаму во бесконечен, безнадежен напор да ги одбегне ударите, а всушност само добиваше уште повеќе и уште повеќе удари во ребрата, во стомакот, по лактовите, по потколениците, во слабините, по тестисите, по коската на крајот од ’рбетот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Натколеница, колено, потколеница, стопало – што би се рекло, нога.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Какви натколеници човеку! Какви потколеници човеку!
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Наскоро во гужвата исчезнува и мирисот на нејзините мускулести потколеници. Караванот врви, а тој не лае.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Во битолската болница беше утврдено дека Ивона има напукнатина на десната потколеница. Ногата ѝ беше ставена во гипс.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)