постколонијален прид.

постколонијален (прид.)

Тие можат да се најдат насекаде, во претколонијалниот, колонијалниот и постколонијалниот свет.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Затоа ние не можеме да правиме разлика меѓу западни и не-западни или меѓу колонијални и постколонијални нации.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Во случајот на денешните постколонијални земји, кај многу од нив во Третиот свет, национализмот може да стане оправдување за многу работи, како на пример за: укинувањето на личните слободи, еднопартискиот систем, диктатурата на армијата, култот на водачот и различните форми на екстремна ксенофобија.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Цел животот бил градинар во Картагина. Служел во многу градини во Картагина. Во гувернерски, амбасадорски, општински, колонијални и постколонијални.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Го обвинува, повеќе години по распадот на Југославија, за хазардерски геополитички покер меѓу Запад и СССР со социјалистичкиот блок, за мајстор на византискиот болшевизам, за манипулатор со неврзаните во постколонијалната ера, (особено Египет, Индија, Алжир, Индонезија и други, како и Палестина на Арафат и Тунис, земји на моето служење како југословенски амбасадор) кои сакаа да ја обезбедат историската дистанца од западниот колонијализам.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Улогата на кампот е да го разбие издишаното, свечено, здодевно еднолично обожавање на убавината, да им овозможи на геј-мажите кои ја посакуваат и ѝ се восхитуваат на убавината да се поттргнат иронично од својата неиронична посветеност на неа, да ја погледнат од гледиштето на постколонијалната разочараност наместо од гледиштето на исчекувачката возбуда.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)