постепен (прид.)
Такво сопоставување може да има помеѓу првата, т.е. теоријата за населувањето на Балканскиот Полуостров од јужни Словени формирани во две народности строго разграничени во етнографски и географски однос и постепеното изменување на етнографската карта на Балканскиот Полуостров, од една страна, и процесот на современото национално обособување на Македонија од друга.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Со постепеното одделување на македонските интереси од бугарските, со земањето на македонското прашање во свои раце и најпосле, и најмногу со сегашново востание Организацијата како резултат го постигна тоа што не го претпоставуваше: наместо слобода да бараат, сега во Македонија мнозина се убедени дека ни треба полно пресечување на врските со сите балкански народности и култивирање на сѐ што е во Македонија оригинално и свое: јазикот, обичаите, историјата, писменоста, народната литература итн.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Несомнената драматика на свршетокот: шиштењето на воздухот од хармониумот што ја проследува туберкулозната песна на Ѓорѓи, и стакленото око на неговата верна, несакана сопруга, што реско се тркала на подот, барокно ја украсувам со паралела од книгата прочитана попладнево: - Во сценска смисла, чувствувам дека тоа беше постепена смрт од највисок ред, како самоубиството на Потоцки, кој, самиот излеа куршум од златната дршка на шеќерникот, подарокот од мајка му за полнолетството, го благослови во домашната капеличка и осамувајќи се во библиотеката, со него си го разнесе мозокот. – Ужасно.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Сепак, постои нешто за кое тој не е кадарен да го предвиди, имено постепеното и неодоливо загадување на работата што ја брани токму со идеите што ги побива.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Феминист(к)ите се во следната ситуација: како Маркс и Енгелс, тие се сомневаат дека постепените реформи ќе го остават во голема мера недопрено скриеното и не неизбежно зло.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Ваквиот пристап би понудил можности во понатамошното истражување таа политика значително да се прошири. Итан Неделман (Ethan Nedelman), професор на политички науки на Факултетот „Вудроу Вилсон“ (Woodrow Wilson) во Принстон (Princeton), предлага постепен пресврт кон легализација „кој би започнал со легализацијата на марихуаната, за да може да се запре, преиспита и пренасочи политиката во врска со дрогите која станува прескапа или контрапродуктивна”.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Имено, после Девојките од Челзи, првиот Ворхолов филм што доживеа комерцијален успех (прикажуван е и во Европа), очигледно е авторовото тежнеење да продолжи во тој правец, т.е. настанува обид за додворување на публиката со постепеното прифаќање на правилата на комерцијализмот, односно во филмовите кои следеа исчезнува меценизмот.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Тајно таложење на знаење, постепено ширење на просветеноста, на крајот пролетерско востание, соборување на Партијата.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Не знаеше што точно се случува во внатрешноста на Министерството на љубовта, но можеше да претпостави: мачења, дроги, чувствителни апарати што ги регистрираат нервозните реакции, постепено истоштување со неспиење, со осаменост и со упорно сослушување.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Тоа ќе биде постигнато или преку постепено освојување на сѐ повеќе и повеќе територии и на тој начин создавање на надмоќна сила, или преку пронаоѓање на некое ново оружје од кое нема одбрана.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Па затоа седеа во градината гледајќи го зајдисонцето и постепеното доаѓање на квечерината.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)