постапка ж.

постапка (ж.)

Но таа беше бесполезна, па и опасна, не само за тие што се критикуваат, ами најпосле за тие што критикуваат: Комитетот беше сесилен; тој ги имаше во своите раце животот и смртта на сите граѓани и не примаше никаква критика на своите постапки.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Како и да е, но одделувањето наше од Бугарите ќе ни даде можност критички да се однесуваме кон бугарските работи, а не слепо да ги копираме и да насадуваме во Македонија, наместо национализам, социјализам, како што го правела тоа Внатрешната македонска револуционерна организација. 89 Значи, одделувањето на нашите интереси од бугарските, покрај другото, ќе нѐ избави од положбата како мајмуни да ги копираме бугарските непромислени постапки и на вера да ги примаме бугарските уверувања дека Бугарија е нашата арнотворка, а Русија нашиот најголем непријател; тоа ќе развие во нас критички однос кон нашите и кон туѓите постапки.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Заклучокот од тоа е – дека самите пропаганди признаваат оти во Македонија има само една словенска народност; значи, утврдувањето дека Македонија не претставувала етнографска целина противречи на нивните постапки.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Самоистакнувавање пред други и чудни, често зли постапки од долга здодевност или немаштина.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Подоцна разбрав дека Пенчо успеваше во сѐ зашто не бараше ни пат ни начин во своите постапки, зашто до целта го водеше само јатката желба да го стори она што го сака.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Митра, бесна од Илковата блага постапка спрема Доста, секој ден почна да ја дразни и предизвикува. A кога Доста ѝ се фалеше со Стоја оти ќе ѝ го „потполни самарчето“, одговараше: — Море бре, со шо ќе ме плашиш!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ваквото нејзино расположение уште повеке го развесели Крстета, кој чекаше некоја кавга или плачка од Анѓа за нанесената навреда, но виде дека и таа е задоволна од поповата постапка, та ни тука не му остануваше некаква тежина на душата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На Трајка оваа и други вакви постапки од Достина страна почнаа да му се бендисуваат и немаше случај да не ја искаже својата наклонетост кон помладата снаа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Јас да сум на местото од кадијата прво живи ќе ги одерам, после ќе ги печам, ја одобри Јунус-бег свирепата постапка, жалејќи се во себе што не се сети да му предложи на кадијата прво да ги одере, па после да ги пече, бидејќи тој му предложи да ги погуби на клада.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
„Па жалат ли се пари за ваков ќејф...“ - се тргна дајреџијата од моментното, предизвикано од постапката на докторот Петриќ, тешко чувство, му се насмевна на директорот и сам турна од масата една сребрена десетдинарка што беше падната пред него.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Би се зачудил секогаш на таа своја постапка, но сега тоа беше токму тој, со она лебдење во својот поглед, и ја стори.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
При секоја негова малку почудна постапка во неговото растење и во младоста постарите луѓе околу него климнуваа со главата и зборуваа сѐ за оној, за неговиот предедо.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Малиот едно време остана вчудовиден од таа негова постапка.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Како творечка постапка документарноста е доследно почитувана.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Размисли малку за ова... Размисли и за твоите постапки и однесувања со другите деца во одделението.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Славејот тажеше над својата несреќа и се каеше за својата непромислена постапка.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- А што се мешате вие? - дрско им одговори славејот на сите што не ја одобруваа неговата постапка.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Србин уште една се подсети на целата постапка како тоа треба да се стори.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Фрлањето на лопатата беше непромислена постапка, зашто во оваа снежна пустина дрвената лопата му беше добар сојузник, па се стрча и забавта преку дебелиот снежен ѕид, што го беше изградил, расчистувајќи го патчето.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Во неговите постапки имаше забележителна решителност.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Повеќе