поскок (м.)
Си имаме една земја, посна, сува, поскоци се ездат во неа.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
- Џиркалец? Што е тоа? - праша Денко. - Така кај нас се вика поскокот. Тоа е најопасната змија кај нас.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Тоа можеше да се види и од подалеку: ќе зачекори - ќе застане, пак чекор - пак вкочанетост, сѐ така, со бавност на човек што со рамните стапалки испитува не ли е пред него жив песок или гнездо на поскок со рокче.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Одиш по планините, самјачки
се задлабочуваш во далечините
веќе со години не-тука, не-ти
клекнуваш пред јагодите, шумските боски
розовата страна на смртта
со човечки мирис да ги обросиш
пред да се вовреш меѓу сушните лисја
пред да ги помамиш влекачите, шарките, поскоците
и да ја доживееш, глеј, одненадеж
уметноста на пелцувањето.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)