портрет (м.)
И пак претставите се кинеа и беа неми, без звук: камени скали во голем сандак... врата во која шумеше боја на зрела ’рж... стари пејзажи, литографска идили на млад сликар и недовршени портрети на една недозреаност што лута додека не најде неизгазена врвица.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Излезе да ме оставиш со портретите но јас знам дека со нив се покриени млаки пејзажи: жолти езерски брегови, светли копи сено, црвени идилични неба.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Сакаше да прсне вратата во илјада искри, да влезат прогонувачите со гладни челични цевки свртени кон неговото грло, да го уништат, со неговото уништување да ја уништат и парадата на пакосните портрети родени во пијана занесеност на оној што ја остави својата седалка за милување и појде, го уверуваше, по лекар.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
На ѕидот кон бавчата виси портрет на свекорот во природна големина, со фес на главата и астраганско џубе.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Ќе ми дозволите ли сега, јас да го насликам вистинскиот портрет на таа жена?
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Јас анимирам портрети, силуетно. Еве вака.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Веројатно, еден од нив помисли дека барам некаква услуга и ми се втурна, прашајќи ме дали сум за портрет или карикатура. Беше Французин.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Се разбира, не е само раскошот единствената причина да се видат обата дворца, туку уште повеќе и фактот што низ нив се гледа релјефно раѓањето и пропаѓањето на едно царство, особено убаво предадено низ портретите на падишасите, сместени во една галерија на „Топкаписи“, низ чии ликови се чувствува топотот и растежот, славата и пропаѓањето на аџеилуците со нивниот последен изданок Решад, чија старечка физиономија соодветствува на „Болниот од Босфор“ - отоманското царство во распаѓање...
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Тука ги гледам неколкуте генерациски другари што ме очекуваат поради групниот портрет.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
не ги слушав и ги заборавив уште пред да видам дека ме сметаат за варвар: во мрак, оној што во таквите продавници секогаш лежи на одредено место како задолжителен дел на општата патина, здогледав женски портрет, масло на платно со размери, слободно проценети, 45 x 60, и останав нем и уште еднаш како во онаа декемвриска ноќ облеан однатре со течно олово.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
И пак претставите се кинеа и беа неми, без звук: камени скали во 'рж ... стари пејзажи, литографска идила на млад сликар и недовршени портрети на една недозреаност што лута додека не најде неизгазена врвица.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Сакаше да прсне вратата во илјада искри, да влезат прогонувачите со гладни челични цевки свртени кон неговото грло, да го уништат со неговото уништување да ја уништат и парадата на пакосните портрети родени во пијана занесеност оној што ја остави својата седалка за милување и појде, го уверуваше, по лекар.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Том немаше прилика ниту да вресне пред толпата што викаше и трескаше, топотејќи кон портретот.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
„Надлежните власти објавуваат дека точно напладне портретот на плоштадот се предава во рацете на народот, така што тие можат да учествуваат во уништувањето на ...“
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Да обрнеме внимание, сега, дека Duchamp-овиот портрет на налепницата од шишенцето за Belle Haleine, Eau de Voilette, ја прикажува пред сѐ неговата глава, и дека односот помеѓу зборовите „глава“ и „сад“ може да се согледа како во светлината на етимолошката анализа, така и во алхемиската традиција.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Тој е среќен затоа што знае дека веќе ништо не го спречува да го доврши нејзиниот портрет.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Жената од портретот му се смешкаше спокојно и таинствено на Том и тој повторно погледна назад кон неа, а срцето му чукаше како некаква музика што ечеше во неговите уши. „Таа е прекрасна“, рече.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Дело ограничено со една тромава естетика, производ на една уметност на најмало напрегнување, творба на една епоха на низок водостој и слаб проток, што би била состојбата во која се најдоа уметноста и естетиката во вторава половина на дваесетиот век; тоа дело го претставува одговорот на уметникот на оној став на публиката кој тежнее еден Лоеонардов портрет да биде преобразен во „ла Gioconda” - т.е., во нешто повеќе од едно дело, во некакво над- дело, во едно пренапрегнато дело, мит, амблем на секое уметничко дело - толку упорно присутна во своето самољубие, што и кога веќе не ја гледаме, нејзината насмевка, што наликува на насмевката на Carrol-овата мачка, не престанува да нѐ прогонува, дури ни тогаш кога сликата исчезнала.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Таа со сигурност знае дека мора да го склопи неговиот таинствен портрет на темниот фон на својата душа за да може да го има за себе целиот, до последното делче.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Кога седумдесетите години Ворхол се сврте кон светот на модата и шоу-бизнисот како предмети на неговата уметност, неговиот храбар стил на изработување на портрети доби силно акцентиран момент на грубост - дури и вулгарност.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)