поработи (св.)
Нејќе стоење и зборување, деца, туку сака да се потрча и да се поработи. Со оф и уф ништо не може да биде.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Треба човек да ја познава работата, а кога немавме ниеден друг прирака, освен Дука, и кога тој не можеше да дојде, тогаш поседи неколку дена, две-три недели, мислам, почекај ако разјужи, ако дојде водана, поработи, извади некоја штица, а после бегај.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
И тоа беше сѐ. Беше сета храна, што ја имаше за сите идни денови, во кои допрва требаше да ја пречека водата, а после да може и да поработи.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Во колку се случи да надвладее тој остер ветер, не ќе може ни да се помисли барем малку да се поработи со бичкијата, а тоа беше она најважното, за кое што тој и беше дојден овде.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Прислужникот само со Буза „поработи“ малку: го приклешти за ушето, ми го сврте како затка од шише и го спика во редицата.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
И добро печалел, ама парите не му траеле, Скинати џебови носел, Едно кусо време кај него поработил и Јоше Свирачот, па тој кажуваше како ги трошел парите.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ќе му речам: - Ајде, мажу, ко сите да излеземе, да поработиме, цел народ е в поле, ќе му речам. Сѐ е прецутено, прегорено.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Само органот за множење, делење и вадење функционира беспрекорно. Кога би имал именителка, би му дал малку да поработи со дропки.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
„Каде тргна, Спасио?“ „На река“. „Што така“? „Да поработам со пиралката. Да ги истурам ако може горчините“.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Научив турски. Едно време со брат ми Лазара поработив кираџија, сетне и анџии работевме.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Тој поработи уште малку, ја фрли теслата и отиде дома да се поприбере.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)