популарно (прил.)
Тимоти Лири ВЕЧНА ФИЛОЗОФИЈА НА ХАОСОТ Во овие илјадници години стана очигледно дека основна природа на универзумот е екстремната комплексност, необјаснивиот неред - таа таинствена, заплеткана величина популарно позната како Хаос.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Но неочекувано и несфатливо, во последно време се појавија фармерки популарно наречени 505.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Кај нас, во 2008-та, по речиси едногодишно протестирање на дел од овие луѓе кои беа вистински „жртви на транзицијата“, беше донесен Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата во периодот од 2000 до 2004 година, а популарно наречен „Закон за стечајците“ (Сл. весник на РМ, 87/08).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
9. Не беше прифатено само барањето за исплата на регрес за годишен одмор, односно популарно наречениот К-15.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Чарли Офтика: „Многумина можат да се пофалат дека на предниот дел од своите глави, на лицата, имаат меснати израстоци популарно наречени носеви.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)