поприми (св.)
Ако треба да изгориш – огнот ќе го поприми обликот на моето тело Ако треба да умреш – ќе згасне и мојата врсничка меѓу ѕвездите.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Сега лицето на Жолтко поприми поинакво расположение.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Од скоро, овој заплет поприма друг расплет.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Во меѓувреме, овде е и второто дете, кое ја следи целава неподносливо напната атмосфера во домот, па, сакало-неќело, прифаќа и рефлектира од она што го поприма во домашната средина.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)